Реакција од МНР против последните изјави на францускиот претседател Макрон во врска со Турција и Источниот Медитеран

МНР: „Франција чие мрачно минато во Африка се знае добро и кога се уште се свежи во мемориите болките од масакрот што го изврши во Алжир, наместо да ја обвинува Турција, да преземе позитивна улога за воспоставување на стабилноста и безбедноста во Либија“

1350016
Реакција од МНР против последните изјави на францускиот претседател Макрон во врска со Турција и Источниот Медитеран

Портпаролот на Министесртвото за надворешни работи на Турција Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање до министерството во врска со изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон по прашањето на Источниот Медитеран.

Аксој истакна дека францускиот претседател Макрон со употреба на невистинити изрази кон Турција се обидува да создаде дневен ред.

Изнесувајќи ја констатацијата дека „Францускиот претседател Емануел Макрон на одржаната заедничка прес конференција денеска со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, со изнесување на невистинити тврдења кон нашата земја се обиде повторно да создаде дневен ред“, Аксој наведе дека вистинската одговорност во тешкотиите коишто се доживуваат од 2011 година кога започна кризата во Либија досега и припаѓа на Франција.

Хами Аксој напомена дека не претставува тајна тоа што оваа земја му дава безусловна поддршка на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, кој се обидува да располага со право на збор над природните извори на Линија.

„Хафтар добива воена поддршка од земји меѓу кои се наоѓа и Франција и нападите коишто продолжува да ги извршува врз легитимната влада претставува најсериозна опасност против територијалниот интегритет и суверенитетот на Либија. Мошне добро се знае дека францускиот претседател низа пати  ги угости (пречека) во дворецот и терористите кои претставуваат закана за територијалниот интегритет на Сирија.“ - рече Аксој.

Потсетувајќи дека воедно основната одлука којашто е донесена на Берлинската конференција и која ќе обезбеди да започне и политичкиот процес во Либија е што поскоро да се воспостави трајниот прекин на огнот, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој рече: „Доколку Франција сака да придонесе во применувањето на одлуките на конференцијата (во Берлин), првенствено треба да престане да го поддржува Хафтар. Она што се очекува од Франција чие мрачно минато во Африка се знае добро и кога се уште се свежи во мемориите болките од масакрот што го изврши во Алжир, е наместо да ја обвинува Турција, да преземе позитивна улога во насока на воспоставување на стабилноста и безбедноста во Либија.“

Инаку, францускиот претседател Емануел Макрон на одржаната заедничка прес конференција по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Елисејската палата истакна дека го „осудуваат“ договорот за разграничување на сферите за надлежност во морето којшто Турција го постигна со Владата на национално единство на Либија.

Наведувајќи дека овој договор „е во спротивност со дадените зборови на Берлинската конференција“, Макрон го изнесе следното тврдење: „Гледаме дека во последните денови турските бродови со сириски платени војници доаѓаат на либиските територии. Тоа покажува дека не се почитува дадениот збор. Тоа значи прекршување на суверенитетот на Либија и на безбедноста на Европа и земјите од Сахел.“



Слични вести