Остра реакција од Мевлут Чавушоглу против грчкиот европратеник кој го скина турското знаме во ЕП

Чавушоглу покажа реакција со следните зборови: „Најдобро овие расистички глави го знаат тоа како ги скршивме рацете на оние кои посегнаа по нашето славно знаме, како ги исфрливме во морето. Расистичките деца, галеници на Европа, да си ја знаат границата.“

1350281
Остра реакција од Мевлут Чавушоглу против грчкиот европратеник кој го скина турското знаме во ЕП

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер покажа остра реакција против грчкиот европратеник Јоанис Лагос кој го скина турското знаме во Европскиот парламент (ЕП).

Чавушоглу во својата објава напиша: „Најдобро овие расистички глави го знаат тоа како ги скршивме рацете на оние кои посегнаа по нашето славно знаме, како ги исфрливме во морето. Расистичките деца, галеници на Европа, да си ја знаат границата. Европа треба веќе да каже 'стоп' за антиисламизмот и расизмот. Нашето знаме ќе продолжи да се виори славно насекаде. Од Европскиот парламент очекуваме да го направи неопходното во врска со овој кловн (Лагос).“

Инаку, расистичкиот грчки пратеник во Европскиот парламент Јоанис Лагос на одржаната седница на Европарламентот под наслов „Хуманитарната состојба на грчките острови“ го скина турското знаме.

Наведувајќи дека грчкиот народ е подложен на нападите на мигрантите, грчкиот европратеник Јоанис Лагос ги употреби следните зборови: „Од една страна е Турција, прави сѐ што ќе посака. Во нашата земја има прилив на мигранти. Ете ова е турското знаме, што се прави со ова, се кине и се фрла. Треба веќе да се стави крај на ова.“



Слични вести