Началниците на генералштабовите на Турција и Русија, Ѓулер и Герасимов, разговараа за сириски Идлиб

Двајцата началници на генералштабовите на Турција и Русија, генерал на армија Јашар Ѓулер и генерал Валери Герасимов, разговараа за случувањата во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија

1350261
Началниците на генералштабовите на Турција и Русија, Ѓулер и Герасимов, разговараа за сириски Идлиб

Началникот на Генералштабот на Турција генерал на армија Јашар Ѓулер оствари телефонски разговор со началникот на Генералштабот на Русија Валери Герасимов.

Во врска со телефонскиот разговор беше објавено соопштение со информации на интернет страницата на Турските вооружени сили (ТВС или TSK).

Според тоа, двајцата началници на генералштабови генерал на армија Јашар Ѓулер и генерал Валери Герасимов разговараа за случувањата во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.



Слични вести