Генерал на армија Јашар Ѓулер се состана со командантот на НАТО силите за Европа генерал Волтерс

Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер денеска во Анкара се состана со врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа генерал Тод Волтерс

1350502
Генерал на армија Јашар Ѓулер се состана со командантот на НАТО силите за Европа генерал Волтерс

Началникот на Генералштабот на Турција генерал на армија Јашар Ѓулер се состана со врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа генерал Тод Волтерс кој допатува во Анкара во рамките на посетите коишто ги остварува на земјите членки на НАТО. 

За гостинскиот командант, во Генералштабот беше организирана церемонија на официјален дочек.

Генерал на армија Јашар Ѓулер и генерал Тод Волтерс заедно ја поздравија почесната гарда. 

По церемонијата на дочек, Ѓулер и Волтерс преминаа во Генералштабот и одржаа средба лице в лице.

Програмата на врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа генерал Тод Волтерс во Анкара продолжи во текот на денот кадешто оствари низа средби и разговори.



Слични вести