Сојлу: По земјотресот во Елазиг со јачина од 6,8 степени, во погоденото подрачје се случија 1.348 последователни потреси

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека по земјотресот со јачин аод 6,8 степени по Рихтер во погоденото подрачје се случија 1.348 последователни потреси

1349774
Сојлу: По земјотресот во Елазиг со јачина од 6,8 степени, во погоденото подрачје се случија 1.348 последователни потреси

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум и министерот за здравство Фахреттин Коџа во губернијата на Елазиг одржаа состанок за претставниците на печатот на којшто информираа за последната состојба по земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер кој на 24 јануари во петокот во 20:55 часот го погоди градот Елазиг и поширокото подрачје во источниот дел на Турција и во кој загинаа 41 лице, 1.607 лица беа повредени, а 45 лица беа спасени од под рушевините.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека по земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер во погоденото подрачјето се случија 1.348 последователни потреси.  

Сојлу информира дека училиштата во целиот округ на градот Елазиг, а училиштата во населените места Доганјол, Путурге, Кале и Батталгази во округот на градот Малатја ќе бидат отворени на 10 февруари.

Сулејман Сојлу ги сподели и последните информации во врска со земјотресот и истакна дека ќе бидат срушени 10 оштетени училишта во градот Елазиг.

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум истакна дека продолжуваат активностите за изградба на трајни станбени објекти во Елазиг и Малатја.

Курум рече дека ќе бидат изградени вкупно 6.400 станови.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа ги сподели последните информации во врска со повредените кои по земјотресот во Елазиг беа хоспитализирани во болници.

Министерот Коџа рече дека продолжува лекувањето на 64 лица од кои 7 се наоѓаат на интензивна нега.



Слични вести