Реакција од Турција против наводниот Блискоисточен мировен план на Трамп: Овој план е „мртвороденче“

МНР на Турција: „Овој план, е план за анексија со којшто се има за цел убивање на решението со две држави и насилно одземање на палестинските територии. Палестинскиот народ и палестинските и палестинските територии не можат да се купат со пари.“

1349212
Реакција од Турција против наводниот Блискоисточен мировен план на Трамп: Овој план е „мртвороденче“

Турција истакна дека наводниот мировен план што го подготвија Соединетите Американски Држави (САД) тврдејќи притоа дека со него „ќе се изнајде решение“ за палестинско-израелското прашање, е „роден мртов“ односно е „мртвороденче“.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се изнесува следната констатација: „Овој план, е план за анексија со којшто се има за цел убивање на решението со две држави и насилно одземање на палестинските територии. Палестинскиот народ и палестинските територии не можат да се купат со пари.“

Во соопштението се нагласива дека Ерусалим (Кудс) претставува црвена линија на Турција и се вели следното: „Нема да ги дозволиме чекорите на Израел во насока на легитимизирање на неговата окупација, суровост и неговиот зулум. Постојано ќе бидеме покрај братскиот народ на Палестина. Ќе продолжиме да работиме за независна Палестина, на палестинските територии. Нема да поддржуваме ниту еден план којшто нема да биде прифатлив за Палестина. Нема да дојде мирот на Блискиот исток, без претходно да се стави крај на окупаторските политики.“

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп Трамп вчера го објави својот наводен Блискоисточен мировен план со кој истакна дека Ерусалим (Кудс) ќе биде признаен како „неподелен“ главен град на Израел и рече дека овој план претставува „последна шанса“ за Палестинците. 


 



Слични вести