Реакција од Калин против наводниот мировен план на Трамп: Планот којшто нема да биде праведен, не е можно да опстои

Портпаролот Ибрахим Калин напомена дека наводниот мировен договор на САД во однос на палестинско-израелското прашање, претставува нов план за окупација којшто ги смета за ништовни (го негира) постоењето на народот на Палестина и неговата историја

1349641
Реакција од Калин против наводниот мировен план на Трамп: Планот којшто нема да биде праведен, не е можно да опстои

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, објавени писмено соопштение врска со наводниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на палестинско-израелското прашање и го истакна следното: „Го негираме овој едностран план кој што ги смета за ништовни правата на палестинскиот народ и меѓународното право.“

Калин напомена дека наводниот мировен договор објавен од страна на управата на САД во однос на палестинско-израелското прашање, претставува нов план за окупација којшто ги смета за ништовни (го негира) постоењето на народот на Палестина и неговата историја.

„Како што нагласува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган Ерусалим (Кудс) е нашата црвена линија и палестинските територии не се на продажба. Без да се воспостави правдата во Палестина не може да се воспостави трајниот мир на Блискиот исток. Планот којшто нема да биде праведен, не е можно да опстои. За мирот и безбедноста во регионот треба да престанат окупаторските политики на Израел. Меѓународната заедница треба да го отфрли ова беззаконие (оваа неправда) кое го ликвидира решението со две држави и има за цел да ја овековечи окупацијата. Турција ќе продолжи да стои покрај палестинскиот народ во неговата праведна кауза.“



Слични вести