Ердоган: Ерусалим е световност на муслиманите, никако не може да се прифати планот да му се даде на Израел

Претседателот Ердоган рече: „Ерусалим (Кудс) е световност на муслиманите. Никако не може да се прифати планот Ерусалим (Кудс) да му се додели на Израел“

1349642
Ердоган: Ерусалим е световност на муслиманите, никако не може да се прифати планот да му се даде на Израел

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во авионот на враќање од посетата на Сенегал, третата и последна станица од неговата турнеја по 3 земји во Африка, даде значајни изјави за новинарите и притоа истакна дека наводниот Блискоисточен мировен план што го објави американскиот претседател Доналд Трамп нема да биде во услуга на мирот и решението.

Ердоган рече: „Ерусалим (Кудс) е световност на муслиманите. Никако не може да се прифати планот Ерусалим (Кудс) да му се додели на Израел.“

Претседателот Ердоган, правејќи проценка и на последната состојба во градот Идлиб во Сирија го рече следното: „Со Русија беа постигнати некои договори како во Сочи, така и во Астана. Доколку Русија остане посветена на овие договори и ние ќе го продолжиме патот со истата посветеност. Моментално за жал Русија не се придржува ниту кон Астана, ниту кон Сочи. Нашите другари остваруваат разговори со своите колеги. Како најпоследно има истрели од Алепо кон наша страна. Ние тоа ќе го толерираме до извесна мера, го толерираме, меѓутоа потоа ние самите ќе си ја пресечеме својата папочна врвца. Ако ние сме посветени едни кон други по ова прашање и Русија ќе го покаже својот став. Или ќе го води поразлично процесот со Сирија или ќе го води поразлично процесот со Турција, за тоа не постои друг пат.“

Велејќи  „Русите велат дека водат борба против терористите“, претседателот Ердоган рече: „ Кој е терорист? Дали се терористи оние кои ја бранат својата територија? Тие се борци кои пружат отор. Моментално ако ги прашате овие, терористи се и приближно 4 милиони Сиријци кои се во Турција. Од каде избегаа и дојдоа овие луѓе? Избегаа од зулумот на Асад и дојдоа. Сега овие луѓе се засолнаа кај нас.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своите изјави се осврна и на епидемијата на коронавирусот во врска со што истакна дека моментално во Турција не станува збор за утврдување на било каков случај на заболување и нема било каков проблем, а воедно додаде дека се преземаат сите неопходни мерки и се фрлаат потребните чекори по ова прашање. 



Слични вести