Алтун: Со наводниот мировен план на САД се сака Ерусалим целосно да му се предаде на Израел

На наводниот мировен план на САД за којшто се тврди дека ќе претставува решение за палестинско-израелското прашање, пристигна остра реакција и од страна на шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун

1349530
Алтун: Со наводниот мировен план на САД се сака Ерусалим целосно да му се предаде на Израел

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во објавата што ја сподели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер на англиски јазик, направи проценка на наводиот мировен план на САД во однос на палестинско-израелското прашање.

Алтун истакна дека со наводниот мировен план на САД се сака Ерусалим (Кудс) целосно да му се предаде на Израел и подвлече дека Ерусалим (Кудс) не му припаѓа на Израел и дека трети страни не можат да одлучат со тоа што овој град му го нудат некому.

Нагласувајќи дека овој наводен мировен план не претставува ништи друго освен соопштение во насока на легитимизирање на окупацијата и населбите на Израел, Фахреттин Алтун рече: „Тоа не е ниту план којшто би можел да се применува, ниту пак содржи одредена праведна проценка на состојбата на теренот. Планот ги уништува барањата на Палестинците и е со цел да го задоволи Израел“.

Истакнувајќи дека целиот свет се спротивстави на одлуката на САД за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, Алтун во својата објава напиша: „Заедно со овој план се сака Ерусалим (Кудс) целосно да му се даде на Израел. Ерусалим (Кудс) не му припаѓа на Израел и понудата на Ерусалим (Кудс) на некому не може да претставува одлука на трети страни. Да се даваат изјави без да постои поддршка, договор и одобрение и од двете страни, нема да вреди за ништо друго освен за предизвикување нестабилност во регионот.“

Тој напомена дека едностраните чекори коишто ги фрлаат САД и Израел му се враќаат на регионот како крв и солзи, а воедно го напиша следното: „Нетанјаху си игра политичка игра за сопствената политичка иднина. Тој е под притисок во својата земја. Искористувајќи со неодговорност едно чувствително прашање како што е мирот, се обидува да се стекне со политички придобивки. Додека се наближуваат парламентарните избори во март, не може да се дозволи светите места да ги искористува како политички адут.“  

Освен тоа, шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, во својата објава на Твитер го подвлече и следното: „Овој план е показател за тоа дека регионот треба самиот да покаже интересирање кон сопствените прашања, без интервенција од надвор. Некои Заливски земји на изглед како да го поддржуваат овој план којшто нема никаква врска со еднаквоста, правдата и мирот. Овие земји ќе треба да положат сметка за тоа пред арапската и муслиманската јавност.“



Слични вести