Претседателот Ердоган по Алжир и Гамбија, престојува во посета на Сенегал, последната станица од неговата турнеја по 3 земји во Африка

Претседателот Ердоган во главниот град Дакар беше пречекан со официјална церемонија од страна на сенегалскиот претседател Маки Сал на чија покана ја посетува оваа западноафриканска држава

1348957
Претседателот Ердоган по Алжир и Гамбија, престојува во посета на Сенегал, последната станица од неговата турнеја по 3 земји во Африка

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во рамките на својата турнеја по 3 земји во Африка, по остварените посети на Алжир и Гамбија, денеска допатува во посета на Сенегал, својата последна станива од оваа турнеја.

Претседателот Ердоган во главниот град Дакар беше пречекан со официјална церемонија од страна на сенегалскиот претседател Маки Сал на чија покана ја посетува оваа западноафриканска држава.

Ердоган на слегување од возилото во претсеадтелскиот дворец беше пречекан од страна на својот колега Маки Сал.

По интонирањето на националните химни на двете земји, претседателот Ердоган ја поздрави почесната гарда.

По одржувањето на официјалната церемонија, двајцата претседатели Реџеп Тајјип Ердоган и Маки Сал позираа за новинарите. а потоа преминаа на средба лице в лице.

Во придружба на претсеадтелот Ердоган во посета на Сенегалпрестојуваат и неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, министерката за трговија Рухсар Пекџан, шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахретин Алтун и портпаролот во претседателскиот кабинетот на Ердоган Ибрахим Калин.



Слични вести