Предупредување од МНР до турските граѓани доколку немаат поголема потреба да не патуваат во Кина

Во соопштението на МНР на Турција се привлекува внимание дека новиот коронавирус (2019-nCoV) во градот Вухан во провинцијата Хубеј во Кина којшто станува причина за мистериозната вирусна пневмонија достигна до димензии на закана за јавното здравје

1348728
Предупредување од МНР до турските граѓани доколку немаат поголема потреба да не патуваат во Кина

Министерството за надворешни работи на Турција ги предупреди турските граѓани доколку немаат поголема потреба да не патуваат во Кина.

Во објавеното соопштение од Министерството се привлекува внимание дека новиот коронавирус (2019-nCoV) во градот Вухан во провинцијата Хубеј во Кина којшто станува причина за мистериозната вирусна пневмонија достигна до димензии на закана за јавното здравје во целата земја.

Во соопштението се истакнува дека постои тренд на раст во бројот на случаи поврзани со епидемијата на новиот коронавирус и се вели следното: „На нашите граѓани им препорачуваме да не патуваат во Кина, се додека тоа не е неопходно, односно доколку немаат поголема потреба и доколку патуваат во Кина да се држат далеку од областите во кои се интензивираат случаите, а пред се во провинцијата Хубеј.“

Се нагласува дека турските граѓани кои живеат во Кина и кои мораат да патуваат во другите области на оваа земја максимално да се придржуваат кон здравствените мерки и одблизу да ги следат соопштенијата и предурпедувањата на Амбасадата на Турција во Пекинг, Генералните конзулати во Хонгконг, Шангај и Гуангзоу, како и на Кина и Светската здравствена организација (СЗО).

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се потсетува дека турските граѓани при итни ситуација нон стоп можат да се обратат до конзуларниот центар за повик на број +90 312 292 29 29, Амбасадата во Пекинг на број +86 152 01 30 94 12, Генералниот конзулат во Хонгконг на број +85 296 17 07 22, Генералниот конзулат во Шангај на број +86 159 21 03 69 31 и на Генералниот конзулат во Гуангзоу на број +86 181 27 83 49 07



Слични вести