Сочувство од Жозеп Борел до министерот Мевлут Чавушоглу по повод земјотресот во Елазиг

Жозеп Борел, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и социјална политика разговараше телефонски со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу до кого го достави своето сочувство за загинатите во земјотресот во Елазиг

1347692
Сочувство од Жозеп Борел до министерот Мевлут Чавушоглу по повод земјотресот во Елазиг

Високиот комесар на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и социјална политика Жозеп Борел го изрази своето сочувство до министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, по повод земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер што на 24 јануари во 20:55 часот по локално време го погоди градот Елазиг и поширокото подрачје во источниот дел на Турција.

Според добиени информации од дипломатски извори, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и социјална политика Жозеп Борел синоќа разговараше телефонски со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Борел во телефонскиот разговор го изрази своето сочувство до министерот Чавушоглу и нагласи дека се спремни за доставување на секој вид помош.

Инаку, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и социјална политика Жозеп Борел претходно во пораката што ја сподели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со земјотресот во Елазиг го напиша следното: „Нашите мисли се со турскиот народ, семејствата на жртвите, повредените и оштетените. Ситуацијата ја следиме одблизу. Сме во целосна солидарност со турскиот народ.“



Слични вести