Продолжуваат да пристигнуваат пораки од светот до Турција поради земјотресот во градот Елазиг

Пораки до Турција по земјотресот што го погоди градот Елазиг и поширокото подрачје, како последно пристигнаа и од палестинскиот претседател Махмуд Абас и премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар

1347964
Продолжуваат да пристигнуваат пораки од светот до Турција поради земјотресот во градот Елазиг
abbas-erdogan.jpg

Од страна на голем број земји ширум светот продолжуваат да пристигнуваат пораки со сочувство, помош и поддршка до Турција, поради земјотресот што го погоди градот Елазиг со јачина од 6,8 степени по Рихтер, а во кој според последни добиени информации бројот на загинатите се искачи на 39 лица, 45 лица се извлечени живи од под рушевините, а 1.607 лица се повредени.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, испрати порака со сочувство до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, по повод земјотресот.

Абас во пораката го изрази своето сочувство до претседателот Ердоган, турскиот народ и семејствата на загинатите во земјотресот.

Аббас, на жртвите во земјотресот им посака милост од Аллах, на повредените побрзо оздравување, а на оштетените кои останаа без своите домови им посака што поскоро опоравување и нормализирање на состојбата.

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар ги побара по телефон потпретседателот на државата Фуат Октај и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу до кои го изрази своето сочуство за загинатите во земјотресот, а на повредените им посака побрзо оздравување.

Татар рече дека кипарските Турци ја споделуваат болката на своите браќа во Турција, дека како и секогаш стојат покрај своите браќа во Турција и дека се спремни да ја дадат секој вид поддршка.

Претставникот на мисијата за економија и култура на Тајван Јасер Ченг исто така по земјотресот шро го погоди градот Елазиг и поширокото подрачје соопшти дека граѓаните на Тајван го изразуваат своето сочувство до Турција и дека се спремни за помош.

Ченг рече: „Спремни сме во Турција да испратиме итна екипа за спасување. Молам да ни кажете што би можеле да направиме за нашите браќа.“



Слични вести