Ердоган порача од Алжир: Одлучивме нашата билатерална трговија да ја зголемиме на 5 милијарди долари

Претседателот Ердоган истакна дека трговскиот обем помеѓу Турција и Алжир се движи на ниво од околу 4 милијарди долари и рече: „Денеска, со господинот претседател (Тебун) одлучивме нашата билатерална трговија да ја зголемиме на 5 милијарди долари

1348006
Ердоган порача од Алжир: Одлучивме нашата билатерална трговија да ја зголемиме на 5 милијарди долари

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на неговата посета на Алжир учествуваше на Турско-алжирскиот бизнис форум што се одржа во еден хотел во главниот град Алжир.

Во говорот што го одржа во оваа пригода, претседателот Ердоган посака форумот да ги отвори вратите за турскиот деловен свет и турските претприемачи за нови партнерства, нови деловни потези и зделки, нови проекти и инвестиции.

Тој истакна дека ќе бидат фрлени потребните чекори за постигнување на договор за слободна трговија помеѓу Турција и Алжир. 

Велејќи дека на остварените билатерални средби се донесени безброј одлуки коишто ќе го отворат патот пред инвеститорите и ќе ги поддржуваат, Ердоган рече: „Денес сме земја која остварува извоз во 210 економски зони и увезува од 222 земји. Нашиот извоз во 2002 година изнесуваше 36 милијарди долари, додека оваа година го покачивме на 181 милијарда долари. Вкупниот трговски обем на Турција со земјите во Африка во последните 17 години со раст од 381 отсто достигна до 26 милијарди долари. Нашиот извоз само во овој континент достигна до 16 милијарди долари."

Претседателот Ердоган истакна дека се има за цел трговијата меѓу Турција и Африка да се зголеми на ниво од 50 милијарди долари, а воедно напомена дека Алжир освен тоа што е пријателска и братска земја, се оценува и како еден од стратешките партнери на Турција во Северна Африка.

Од друга страна, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган најави дека се предвидува во организација на Министерството за трговија и Советот за надворешно економски односи (ДЕИК) во Истанбул да се одржи 3. Турско-африкански економски и бизнис форум. 

Потсетувајќи дека трговскиот обем помеѓу Турција и Алжир долго време се движи на ниво од околу 4 милијарди долари, Ердоган рече: "Секако оваа бројка е значајна за нашите земји кои се производствени и трговски центри во сопствените региони, меѓутоа не е доволна. Денеска, со господинот претседател (Абдулмеџид Тебун) одлучивме нашата билатерална трговија да ја зголемиме на 5 милијарди долари. Освен тоа, со потпишаната заедничка декларација го реализиравме формирањето на Советот за соработка на високо ниво помеѓу нашите земји."

Ердоган истакна дека со Советот за соработка на високо ниво се предвидува една година да се состанува во Турција, една година во Алжир, а воедно напомена дека лично верува оти честите разговори коишто ќе се одржат помеѓу министрите ќе доведат до многу посериозен отскок. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор исто така нагласи дека сферите во земјоделството, туризмот, храната, енергијата, петрохемијата и одбранбената индустрија се главните сфери во кои би можела да се развие соработката помеѓу двете земји.



Слични вести