Билансот на загинатите во земјотресот во Елазиг се зголеми на 41 лицe

Билансот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер што го погоди градот Елазиг и поширокото подрачје во источниот дел на Турција, се зголеми на 41 лице

1348232
Билансот на загинатите во земјотресот во Елазиг се зголеми на 41 лицe
elazığ deprem.jpg
deprem 2.jpg
Elazığ_zəlzələ.jpg
deprem elazığ 2.jpg
deprem elazığ 3.jpg

Бројот на загинатите во земјотресот што го погоди градот Елазиг со јачина од 6,8 степени според Рихтер на 24 јануари 2020 година, во петокот во 20:55 часот по локално време и чиј епицентар се наоѓаше во населеното место Сивриџе, според последни добиени информации, се зголеми на 41 лицe, 1.607 лица се повредени.

Активностите за пребарување и спасување коишто беа започнати веднаш по земјотресот продолжуваат без прекин.

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека по земјотресот се префрлени во болници 1.607 повредени лица од кои 1.515 се излечени и отпуштени од болница, додека лекувањето на останатите повредени граѓани продолжува.

Со активностите за интервенција под координација на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), досега се извлечени живи од под рушевините 45 затрупани лица, а во погоденото подрачје од земјотресот се испратени вкупно 23.507 семејни шатори,400 шатори за општа намена, 2.354 греалки, 6.436 пакети со храна и друг вид помош наменета за обезбедување на основните потреби за живот на настраданите. 

Активностите во погоденото подрачје од земјотресот продолжуваат да се следат на лице место и од страна на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за здравство Фахреттин Коџа, министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум и министерот за правда Абдулхамит Ѓул, како и претседателот за Верски прашања „Дијанет“ Али Ербаш.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за здравство Фахреттин Коџа, министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум и министерот за правда Абдулхамит Ѓул, денеска во губернијата во Елазиг одржаа заедничка прес конференција.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу информира дека од денеска почнаа да работат државните институции и во Малатја и во Елазиг.

Сојлу истакна дека во градот Елазиг досега се определени 45 локации за сместување и дека овде се обезбедуваат потребите од храна и сите други основни потреби за живот на настраданите во земјотресот.

Тој воедно информира дека во маалото Ашаги Холпенк во Елазиг ќе почне да се гради и центар за привремено сместување од 1.000 контејнери. 

Министерот Сулејман Сојлу во својот говор рече: „За тешко оштетените станови и становите коишто ќе бидат рушени ќе бидат исплатени по 30 илјади турски лири, како и 11 илјади турски лири како надоместок за итна ќирија, вкупно 41 илјада турски лири. За средно оштетените станови веднаш ќе доделиме надомест за итна помош од по 5 илјади турски лири, како и кредит на долгорочна отплата без камата за зајакнување од 27 илјади турски лири.“

Освен тоа, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека за срушените куќи во селата ќе биде доделена поддршка во износ од по 16 илјади турски лири.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека во болниците се наоѓаат на лекување или се на интензивна нега 86 повредени граѓани.

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум рече дека во градот Елазиг ќе почнат да се градарт 2 илјади нови станови и нагласи дека од денеска се започнати теренските и геодетските студии и испитувања.

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул истакна дека здравствената состојба на затворениците во погоденото подрачје од земјотресот е добра и дека се преземени сите неопходни мерки.

Во меѓувреме, пристигна изјава и од претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу кој упати пофалби за солидарноста којашто се презентира по земјотресот во Елазиг.

Киличдароглу рече: „Турскиот народ уште еднаш покажа дека е сплотен ѝ во болката и тагата ѝ во радоста.“

Претседателката на Партијата ИЈИ Мерал Акшенер исто така го посети погоденото подрачје.

Акшенер, им посака трпение на семејствата кои ги загубија своите блиски во земјотресот во Елазиг и го рече следното: „Сите заедно ќе ги излечиме овие рани.“



Слични вести