Земјотресот во Елазиг: Бројот на загинатите се искачи на 35 лица, 1.607 лица се повредени

Бројот на жртвите во силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер што го погоди градот Елазиг и поширокото подрачје во источниот дел на Турција, се искачи на 35 лица, 45 лица се спасени од под рушевините, а 1.607 лица се повредени

1347512
Земјотресот во Елазиг: Бројот на загинатите се искачи на 35 лица, 1.607 лица се повредени
elazig.jpg
Elazığ_zəlzələ.jpg
deprem elazığ 3.jpg
deprem elazığ 2.jpg
afad elazig.jpg
deprem 2.jpg

Во земјотресот што го погоди населеното место Сивриџе кај градот Елазиг на 24 јануари 2020 година во петокот во 20:55 часот по локално време, соред последни добиени информации досега животот го загубија 35 лица, а 1.607 лица се повредени.

Продолжуваат активностите на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) за пребарување и спасување во подрачјето погодено од земјотресот. 

Досега се спасени живи од под рушевините 45 лица, а во земјотресот се срушени 76 згради.

Во меѓувреме, непрекинато продолжуваат и активностите на државните институции и организации кои беа мобилизирани веднаш по земјотресот. 

Во градот Елазиг на 3 локации се поставени 5 илјади шатори со што се обезбедени потребите за привремено сместување на настраданите, додека со поставениот мобилен шлепер се раздава топла храна.

На настраданите во земјотресот им се обезбедуваат основните потреби за живот како што се храна, хигиенски материјали, облека и затоплување, а истовремено им се доставува и психолошка поддршка.

Во меѓувреме, вчера во градот Елазиг допатува и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган каде што изврши увид на лице место на ситуацијата во погоденото подрачје од земјотресот. 

Претседателот Ердоган ги посети маалата Сурсуру и Мустафа Паша каде што се интензивирани работите за пребарување и спасување. 

Во својот говор овде претседателот Ердоган рече: „Нашата држава со сите свои институции продолжува да ги мобилизира своите можности.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по градот Елазиг го посети и градот Малатја кадешто исто така изврши увид на лице место на ситуацијата. 

Ердоган истакна дека откако ќе бидат извршени геолошките испитувања ќе бидат изградени нови станбени објекти во кои ќе бидат сместени настраданите од земјотресот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска пред да отпатува за Африка каде што ќе посети 3 земји, Алжир, Гамбија и Сенегал, одржа прес конференција на Аеродромот Ататурк во Истанбул кадешто направи проценка на последната состојба во врска со земјотресот што го погоди градот Елазиг.

Велејќи „Турција почна да ги завива своите рани од оваа голема катастрофа во единство, слога и сплотеност“, Ердоган истакна дека државата со сите свои институции им отрча на помош на настраданите уште од моментот на земјотресот.

„Во моментов тројца наши министри, нашите пратеници се наоѓаат таму. Заедно со сите екипи ги продолжуваат активностите за утврдување на штетите.“ - рече претседателот Ердоган пред да замине на турнеја по 3 земји во Африка ( Алжир, Гамбија и Сенегал).

Од друга страна, по силниот земјотрес во Елазиг Турција се сплоти. 

Веднаш по земјотресот од различни градови ширум земјата беа испратени екипи за пребарување и спасување и помош за обезбедување на основните потреби за живот на настраданите. Некои фудбалски клубови своите приходи од натпреварите им ги подарија на настраданите во земјотресот.

Земјотресот што го погоди градот Елазиг и поширокото подрачје во источниот дел на Турција наиде на широк одек и во светот.

Новинските агенции во целиот свет веста за земјотресот ја објавија со кодот итна вест.

По земјотресот пристигнаа пораки со сочувство и побрзо опоравување од страна на голем број земји во светот.

Силниот земјотрес во Елазиг со јачина од 6,8 степени по Рихтер беше почувствуван во едно широко подрачје во голем број околни градови како Малатја, Дијарбакир, Мардин, Адана, Хатај, Османије, Газиантеп, Шанлиурфа, Самсун, Токат, Чорум,Тунџели, па дури и преку границата во северните делови на соседните земји Сирија и Ирак, во Иран Либан и во Израел.

Од друга страна,  Европската унија (ЕУ) по земјотресот во Елазиг го активира системот за сателитски снимање. 

Еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич истакна дека на барање на Турција е активиран системот за сателитско снимање Коперникус.

Ленарчич рече дека овој систем ќе достави поддршка во активностите за пребарување и спасување  коишто се водат на теренот и додаде дека ЕУ е спремна да достави поголема поддршка.



Слични вести