Претседателот Ердоган во посета на Алжир, првата станица од неговата турнеја по 3 земји во Африка

Претседателот Ердоган на аеродромот „Хоуари Боумедиене“ во главниот град Алжир беше пречекан со официјална церемонија од страна на алжирскиот претседател Абдулмеџид Тебун

1347592
Претседателот Ердоган во посета на Алжир, првата станица од неговата турнеја по 3 земји во Африка

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на покана на својот алжирски колега Абдулмеџид Тебун вчера во попладневните часови со специјалниот авион „TUR“ отпатува во посета на Алжир.

Претседателот Ердоган на аеродромот „Хоуари Боумедиене“ во главниот град Алжир беше пречекан со официјална церемонија од страна на алжирскиот претседател Абдулмеџид Тебун.

На дочекот присуствуваа и алжирската министерка за култура Малика Бендоуда, директорот за протокол Белкаџем Лариби и амбасадорката на Турција во Алжир Махинур Оздемир Ѓокташ.

Откако двајцата претседатели, Ердоган и Тебун го зазедоа своето место на церемонијата беа интонирани националните химни на двете земји.

Ердоган и Тебун ја поздравија почесната гарда и ги претставија своите делегации.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и алжирскиот претседател Абдулмеџид Тебун по церемонијата одржаа средба лице в лице.

За време на оваа посета претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е придружуван од неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, шефот на националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун и портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.



Слични вести