Претседателот Ердоган од 26 до 28 јануари на турнеја по 3 земји во Африка

Претседателот Ердоган замина на турнеја по 3 земји во Африка (Алжир, Гамбија и Сенегал) коишто ќе ги посети во периодот од 26 до 28 јануари

1347519
Претседателот Ердоган од 26 до 28 јануари на турнеја по 3 земји во Африка

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред да замине за Алжир, првата станица од неговата турнеја по 3 земји во Африка во чии рамки во периодот од 26 до 28 јануари 2020 година потоа ќе ги посети и Гамбија и Сенегал, одржа прес конференција на Аеродромот Ататурк во Истанбул.

Ердоган истакна дека на покана на неговите колеги во периодот од 26 до 28 јануари 2020 година ќе ги посети редум Алжир, Гамбија и Сенегал и дека за време на овие негови посети ќе биде придружуван од министри, пратеници и претставници на приватниот сектор.

Велејќи дека Алжир, првата станица од неговата турнеја по Африка, е земја која преброди успешно и остави зад себе еден тежок процес, претседателот Ердоган привлече внимание дека остварувањето на првата посета на Алжир на ниво на претседател по доаѓањето на власт на претседателот Абдулмеџид Тебун  ѝ придава посебно значење на оваа посета.

Ердоган рече: "Со господинот Тебун се сретнавме на Самитот од Берлинскиот процес (за Либија). Таму ги остваривме нашите билатерални средби. На средбите коишто ќе ги оствариме со господинот претседател и другите функционери ќе имаме можност за детално разгледување на нашите билатерални односи. Во Алжир со кој со 3,5 милијарди долари сме на прво место меѓу надворешните инвеститори, ќе одржиме и бизнис форум во Алжир. Во разговорите истовремено ќе размениме мислења во врска со актуелните случувања во нашиот регион, на чело со Либија."

Претседателот Реџеп Тајјип појасни дека по Алжир утре ќе ја посети Гамбија и го рече следното: "На оваа посета и придавам посебно значење од аспект на тоа што е прва официјална посета која ќе биде реализирана за прв пат на ниво на претседател од нашата земја на Гамбија. За нас Гамбија располага со посебно положба поради тоа што е првата земја која ги затвори училиштата на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) во Африка.  Сакаме да ги развиеме нашите односи со Гамбија во секоја сфера, на чело со трговијата и туризмот."

Ердоган информира дека по Гамбија ќе го посети Сенегал и во врска со оваа негова посета ја изнесе следната констатација: "Имаме за цел уште повеќе да ги зајакнеме нашите односи со Сенегал, како земја симбол на стабилноста во својот регион. Имаме мошне блиско пријателство со сенегалскиот претседател Маки Сал. За време на оваа посета ќе изнајдеме можност за разгледување ѝ на инвестирањата ѝ на другите прашања на нашиот дневен ред."

Укажувајќи на тоа дека Турција со континентот Африка располага со односи чии корења достигнуваат дури до 10-от век, Ердоган рече: "Како резултат на нашите напори, во последните 17 години, трговскиот обем меѓу Турција и земјите од Африка со раст од 381 отсто достигна до 26 милијарди долари."

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, појаснувајќи дека политиката за отворање кон Африка која што се води од 2003 година, е развиена како мултилатерални и Мултидимензионалната политика, го подвлече следното: "Третиот од партнерските самити меѓу Турција и Африка сакаме да го организираме во месец април оваа година во нашата земја. Во врска со одредувањето на датумот на самитот продолжуваат нашите контакти кај Африканската унија. Се надеваме дека во втората недела на месец февруари ќе биде донесена одредена конечна одлука."

Претседателот Ердоган во својот говор се осврна и на ситуацијата во Либија во врска со што рече дека меѓународната заедница го разгали генералот пучист Хафтар. 

Ердоган додаде дека се очекува резултат од воениот совет за којшто на одржаниот самит во главниот град на Германија, Берлин, беше одлучено да се формира.



Слични вести