Нови информации од потпретседателот Октај и министрите Сојлу, Коџа и Курум за земјотресот во Елазиг

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за здравство Фахреттин Коџа и министерот за животна средина и урбанизација Мурат Курум информираа за последната состојба во врска со земјотресот во градот Елазиг

1347556
Нови информации од потпретседателот Октај и министрите Сојлу, Коџа и Курум за земјотресот во Елазиг
fuat oktay

Потпретседателот Фуат Октај во Координациониот центар за кризи при Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) во Анкара беше информиран во врска со активностите коишто се водат во подрачјето погодено од земјотрес во градот Елазиг и притоа им се заблагодари на вработените во АФАД за работите коишто се реализираат во подрачјето.

Октај истакна дека веднаш по земјотресот уште од првиот момент  беше реагирано брзо и интензивно почнаа да се спроведуваат неопходните активности, да се ставаат примена сите акапацитети за успешно спроведување на акциите за спасување и за пружање помош за сместување на настраданите кои останаа без своите домови, а како што рече во рамките на Планот за интервенција при елементарни непогоди на Турција (ТАМП).

Истакна дека веднаш по земјотресот е спроведен план за интервенција при вакви катастрофи и ги пофали сите припадници на екипите кои работат напорно во погоденото подрачје од земјотресот.

„Со сите поединости владееме со состојбата во подрачјето погодено од земјотресот“ - рече Тој.

Укажувајќи дека по земјотресот сите воени и цивилни институции спроведуваат активности во однос на секое прашање, Октај додаде дека покрај активностите за пребарување и спасување успешно се спроведуваат активности за преземање на неопходните мерки во безброј сфери како што се доставувањето на логистичка помош, помош во храна, сместување, транспорт, превентивни мерки во однос на можност од појава на втори елементарни непогоди. 

Потпретседателот Октај уште еднаш го изрази своето сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака побрзо заздравување.

Од друга страна, тројцата министри, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за здравство Фахреттин Коџа и министерот за животна средина и урбанизација Мурат Курум кои се наоѓаат во погоденото подрачје од земјотресот, во губернијата на Елазиг одржаа заедничка прес конференција на која информираа за последната состојба.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сјлу во говорот што го одржа овде истакна дека по земјотресот од под рушевините на зградите се спасени 45 лица.

Сојлу рече: „Се случија 20 последователни потреси со јачина над 4 степени. Од тој момент досега се случија 678 последователни потреси. Последователните потреси продолжуваат.“

Велејќи „Сите оштетени, лесно оштетени згради во подрачјето ќе бидат анализирани од страна на нашето министерство“, Сулејман Сојлу воедно додаде дека во погоденото подрачје од земјотрес досега се испратени над 10 илјади шатори.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа, соопшти дека бројот на повредените на кои им беше укажана медицинска помош по земјотресот изнесува 1.607 лица.

Тој напомена дека бројот на повредените чие лекување во болниците продолжува опадна до 104 лица.

Министерот за животна средина и урбанизација Мурат Курум информира дека во градот Елазиг и во населеното место Сивриџе се утврдени 31 срушена зграда, 249 тешко оштетени, 56 средно оштетени и 349 лесно оштетени згради.

„Нашите работи на теренот ги започнавме со над 500 екипи. Интензивно ги спроведуваме активностите за утврдување на штетите во Елазиг и Малатја.“ - рече министерот Курум. 



Слични вести