Земјотрес со јачина од 6,8 степени во градот Елазиг во источниот дел на Турција

Во земјотресот со јачина од 6,8 степени којшто синоќа во 20:55 часот по локално време го погоди градот Елазиг во источниот дел на Турција, според последни добиени информации, животот го загубија 21 лице, а 1.030 лица се повредени

1347080
Земјотрес со јачина од 6,8 степени во градот Елазиг во источниот дел на Турција
afad.jpg
elazığ deprem.jpg

Синоќа во 20:55 часот по локално време во градот Елазиг и поширокото подрачје во источниот дел на Турција се случи земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер.

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на потресот е регистиран во местото Сивриџе, недалеку од градот Елазиг.

Во земјотресот, според последни добиени информации, животот го загубија 22 лица, а 1.243 лица се повредени.

Досега се спасени 43 лица, а продолжуваат активностите за пребарување и спасување на уште 18 лица колкушто се мисли дека се уште се наоѓаат затрупани под рушевините на срушените згради. 

Потресот се случи на длабочина од 6,75 километри под површината на земјата и траеше приближно 40 секунди.

Земјотресот освен во градот Елазиг беше почувствуван и во околните  градови Малатја, Дијарбакир, Мардин, Адана, Хатај, Османије, Газиантеп, Шанлиурфа, Самсун, Токат, Чорум,Тунџели, па дури и во северните делови на соседните земји Сирија и Ирак.

Веднаш по веста за земјотресот во погоденото подрачје пристигнаа министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум и министерот за здравство Фахреттин Коџа каде што извршија увид на лице место. 

Во погоденото подрачје веднаш беа испратени и екипи на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), Црвената полумесечина Кизилај, Националната медицинска екипа за спасување (УМКЕ), пожарникарни екипи, медицински екипи и екипи за пребарување и спасување од соседните и околните општини, како и помош во храна и материјали за обезбедување на животните потреби на настраданите.

По главниот потрес во погоденото подрачје се евидентирани 228 последователни потреси.

Од друга страна, и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган уште од првиот момент ги следи одблизу активностите коишто се водат во погоденото подрачје.

Претседателот Ердоган во својата прва дадена изјава истакна дека се преземаат сите неопходно мерки за воспоставување на животната и имотната безбедност на граѓаните во подрачјето.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така им посака милост од Аллах на загинатите во земјотресот, а на повредените им посака побрзо оздравување.

Активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје продолжуваат без прекин.

Екипите за спасување работат интензивно за извлекување на затрупаните од под рушевините на срушените згради.



Слични вести