Заедничка прес конференција од министрите Сојлу, Курум и Коџа во градот Елазиг погоден од земјотрес

Министрите за внатрешни работи, животна средина и урбанизам и здравство, Сојлу, Курум и Коџа во Елазиг кој синоќа беше погоден од земјотрес во кој бројот на загинатите се искачи на 22 лица, а 1.243 лица се повредени, одржаа заедничка прес конференција

1347195
Заедничка прес конференција од министрите Сојлу, Курум и Коџа во градот Елазиг погоден од земјотрес

Бројот на загинатите во земјотресот што се случи синоќа во 20:55 часот по локално време со јачина од 6,8 степени по Рихтер во градот Елазиг и пошироката околина  во источниот дел на Турција, се искачи на 22 лица, а 1.243 лица се повредени.

Досега се спасени повредени 43 лица, а непрекинато продолжуваат активностите за пронаоѓање и извлекување од под рушевините на уште 18 лица колку што се мисли дека се наоѓаат затрупани под срушените згради.

Земјотресот се случи на длабочина од 6,75 километри под површината на земјата и траеше приближно 40 секунди.

Освен во градот Елазиг, земјотресот беше почувствуван и во околните  градови Малатја, Дијарбакир, Мардин, Адана, Хатај, Османије, Газиантеп, Шанлиурфа, Самсун, Токат, Чорум,Тунџели, па дури и во северните делови на соседните земји Сирија и Ирак.

Веднаш по веста за земјотресот во погоденото подрачје заминаа министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум и министерот за здравство Фахреттин Коџа каде што извршија увид на лице место. 

Потоа тројцата министри Сулејман Сојлу, Мурат Курум и Фахреттин Коџа во координациониот центар формиран во губернијата на Елазиг одржаа заедничка прес конференција.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во говорот што го одржа овде го рече следното: „Поради земјотресот, во Доганјол во Малатја животот го загубија четворица наша граѓани, а во Елазиг 18 граѓани.“

Сојлу истакна дека бројот на повредените изнесува 1.103 лица и дека во моментов, во рамките на основните податоци никој од повредените не се наоѓа во животна опасност.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа рече: „Во погоденото подрачје од земјотресот имаме 4 полски болници и 48 наши шатори се подготвени за поставување.“

Освен тоа, министерот Коџа нагласи дека подготвени чекаат ѝ медицински хеликоптери ѝ медицински авиони, а воедно го додаде и следното: „Би сакал да кажам дека во оваа смисла нема да се соочиме со ниту еден проблем.“

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум на прес конференцијата рече: „Активностите за утврдување на штетите во надградбите (објектите) ги водиме со 184 екипи составени од 368 лица. Моментално не постои било каков проблем во врска со постројките за отпадни води, водоводите, постројките за прочистување и канализацијата.“ 

Веднаш по земјотресот, во погоденото подрачје  пристигнаа екипи на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), Црвената полумесечина Кизилај, Националната медицинска екипа за спасување (УМКЕ), пожарникарни екипи, медицински екипи и екипи за пребарување и спасување од соседните и околните општини, а е испратена и помош во храна и материјали за обезбедување на животните потреби на настраданите.

По главниот потрес во погоденото подрачје се евидентирани 228 последователни потреси.

Од друга страна, и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган уште од првиот момент ги следи одблизу активностите коишто се водат во погоденото подрачје.

Претседателот Ердоган во својата прва дадена изјава истакна дека се преземаат сите неопходно мерки за воспоставување на животната и имотната безбедност на граѓаните во подрачјето.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така им посака милост од Аллах на загинатите во земјотресот, а на повредените им посака побрзо оздравување.

Активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје продолжуваат без прекин.

Екипите за спасување работат интензивно за извлекување на затрупаните од под рушевините на срушените згради.



Слични вести