Претседателот Ердоган замина за градот Елазиг за увид на лице место на ситуацијата по земјотресот

Претседателот Р. Т. Ердоган, заедно и со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и со потпретседателот на државата Фуат Октај, замина за градот Елазиг кадешто ќе изврши увид на лице место на ситуацијата по земјотресот

1347278
Претседателот Ердоган замина за градот Елазиг за увид на лице место на ситуацијата по земјотресот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган замина за градот Елазиг кадешто ќе изврши увид на лице место на ситуацијата по земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер, во кој според последни добиени информации, бројот на загинатите изнесува 22 лица, 1.243 лица се повредени, досега се спасени повредени 43 лица, а непрекинато продолжуваат активностите за пронаоѓање и извлекување од под рушевините на уште 18 лица колку што се мисли дека сѐ уште се наоѓаат затрупани под срушените згради.

Претседателот Ердоган ја откажа својата програма во чии рамки денеска требаше да учествува на 33. Редовно Генерално собрание  на Советот за надворешни економски односи (ДЕИК) во Истанбул и заедно и со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и со потпретседателот на државата Фуат Октај, замина за градот Елазиг.

Претседателот Ердоган овде ќе ги посети местата погодени од синоќешниот земјотрес и ќе изврши увид на лице место на ситуацијата по оваа елементарна непогода, а воедно ќе добие и информации од надлежните за ситуацијата во погоденото подрачје.



Слични вести