Претседателот Ердоган учествуваше на погреб во градот Елазиг, погоден од земјотрес

Претседателот Ердоган, заедно со претседателот на Собранието Мустафа Шентоп, потпретседателот на државата Фуат Октај и министри во Елазиг учествуваше на погребот на двајца загинати граѓани во земјотресот

1347364
Претседателот Ердоган учествуваше на погреб во градот Елазиг, погоден од земјотрес

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, заедно и со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп потпретседателот на државата Фуат Октај и неколкумина министри допатува во градот Елазиг за увид на лице место на ситуацијата по земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер со епицентар во населеното место Сивриџе, во кој според последни добиени информации животот го загубија 22 лица, 1.243 лица се повредени, досега се спасени 43 лица, а продолжуваат активностите за пребарување и спасување по уште 18 лица колкушто се мисли дека сѐ уште се наоѓаат затрупани под рушевините на срушените згради.

Претседателот Ердоган учествуваше на погребот на двајца загинати граѓани во земјотресот и во говорот што го одржа овде рече: „Од минатото досега доживеавме бројни земјотреси, меѓутоа овој народ знаеше и успеа со трпение да ги преброди сите нив. Како држава и како народ правиме и ќе продолжиме да правиме сѐ што можеме. Ќе продолжат сите наши работи во овие рушевини.“

Во врска со станбените објекти коишто беа срушени или оштетени во погоденото подрачје од земјотресот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „На местото на рушевините во селата и маалата со посредство на ТОКИ (Раководството на Администрацијата за колективни станови) на брз начин ќе ги фрлиме нашите чекори и ќе биде направено неопходното, нема да оставиме никого на отворено.“



Слични вести