Пораки со сочувство од државниот врв, министри и лидери на политички партии по земјотресот во Елазиг

Државниот врв, министри и лидери на полтички партии на Турција објавија пораки по повод силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер кој синоќа го погоди градот Елазиг и пошироката околина во источниот дел на Турција

1347291
Пораки со сочувство од државниот врв, министри и лидери на политички партии по земјотресот во Елазиг
deprem elazığ 3.jpg
deprem elazığ 5.jpg
deprem elazığ 2.jpg
deprem elazığ 1.jpg
afad elazig.jpg

Веднаш по силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер што го погоди синоќа градот Елазиг и пошироката околина, почнаа да пристигнуваат и пораки од државниот врв, министри и лидери на политички партии во земјата.

Претседателот на Големото  Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, во објавата што ја сподели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Посакувам нашите граѓани кои се погодени од земјотресот со епицентар во Сивриџе кај Елазиг и Турција што побрзо да ја пребродат оваа ситуација. По земјотресот, од страна на сите наши надлежни институции интензивно се водат активностите за утврдување на штетите. Сите надлежни институции и служби се на терен. Најголема желба нѝ е да не расте билансот на загинатите.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во својата дадена прва изјава по земјотресот рече дека копнените и воздушните единици се во готовс,

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез, во врска со проблемите до коишто би можело да дојде во снабдувањето со енергија во погоденото подрачје од земјотресот, екипите ги водат потребните работи на теренот за да не дојде до бло каков проблем во дистрибуцијата на електрична струја и гас.

Министерот за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан во пораката во врска со земјотресот што ја објави на својот официјален профил на Твитер напиша: „На сите наши граѓани им посакувам што побрзо да го пребродат земјотресот што се случи во Елзаиг и беше почуствуван и во нашите околни градови. За жал пристигнуваат и жалосни вести. На загинатите им посакувам милост од Аллах, а на повредените што побрзо оздравување.“

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу информира дека се мобилизирани за решавање на проблемот со сместување на граѓаните кои беа погодени од земјотресот.

Касапоглу истакна дека државните интернати, младинските центри и спортските сали во градот Елазиг и градот Малатја се отворени и ставени на располагање на настраданите граѓани.

Министерот за национално образование Зија Селчук исто така објави порака со сочувство поради жртвите во земјотресот во Елазиг.

Претседателот за верски прашања (Дијанет) Али Ербаш во објавената порака веднаш по земјотресот го истакна следното: „Нашите граѓани кои не можат да влезат во своите домови поради земјотресот во Елазиг и Малатја, доколку сакаат во придружба на нашите службеници ноќта можат да ја поминат во нашите џамии.“

Сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган во споделената објава на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер по повод земјотресот во населеното место Сивриџе кај градот Елазиг го напиша следното: „На сите им посакувам побрзо оздравување поради земјотресот што се случи во Елазиг и беше почувствуван и во нашите околни градови. На нашите граѓани кои го загубија животот во земјотресот им посакувам милост од Аллах, на повредените побрзо оздравување. Аллах нека ја сочува нашата земја од секоја катастрофа.“ 

Претседателот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели, исто така по земјотресот објави порака на својот официјален профил на Твитер во која напиша: „Државата е во мобилизација. Верувам дека екипите за пребарување и спасување ќе ги извадат здрави и живи нашите браќа кои се наоѓаат затрупани под рушевините, болните резултати од земјотресот ќе ги надминеме со национално единство и солидарност.“

Порака со сочувство по повод земјотресот во Елазиг објави и претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу.



Слични вести