Пораки со сочувство до Турција по земјотресот во Елазиг

Веднаш по земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер којшто синоќа во 20:55 часот по локално време го погоди градот Елазиг, пристигнаа пораки со сочувство и солидарност од страна на голем број земји

1347099
Пораки со сочувство до Турција по земјотресот во Елазиг

Веднаш по земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер којшто синоќа во 20:55 часот по локално време го погоди градот Елазиг и поширокото подрачје во источниот дел на Турција, пристигнаа и пораки со сочувство и солидарност од страна на голем број земји.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи во пораката што ја објави истакна дека со големо жалење е дочекана веста за човечките загуби и повредени во земјотресот што се случи синоќа во градот Елазиг и околината во Турција.

Претседателот Акинџи во пораката го истакна следното: „Во лично мое име и во име на кипарскиот турски народ на нашите браќа кои го загубија животот им посакувам милост од Аллах, го изразувам моето сочувство до блиските на загинатите и до целиот турски народ, им посакувам трпение.“

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски исто така изрази сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот во Турција.

„Изразувам длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите лица во земјотресот во Турција. Солидарност со Турција и турскиот народ“ - напиша Пендаровски на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер.

Порака со поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ пристигна и од премиерот на техничката Влада на Република Северна Македонија Оливер Спасовски.

„Изразуваме силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ. Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме“, напиша Спасовски на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис во својата порака што ја сподели на официјалниот профил на социјалната мрежа Твитер, го напиша следното: „По разорниот земјотрес што ја погоди Турција сме во искрена солидарност со претседателот Ердоган и турскиот народ. Нашите екипи за пребарување и спасување се спремни за помош.“

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во врска со земјотресот во Елазиг го изрази своето сочувство до својот колега министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и истакна дека се подготвени за помош.

Претседателот на Косово Хашим Тачи во споделената објава на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека нивните срца се со семејствата на жртвите и повредените во земјотресот во Елазиг.

„Косово во овие трагични моменти стои покрај владата на Турција и турскиот народ. Косово е спремно да испрати итна оперативна помош.“ - напиша косовскиот претседател Хашим Тачи во својата порака на Твитер. 

Бошњачккот член на претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ, по повод земјотресот испрати порака со сочувство до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во која напиша: „Почитуван претседателе Ердоган, би сакал да истакнам дека со големо жалење дознав за трагичниот земјотрес што се случи во вашата земја. Со нашите дови стоиме покрај турскиот народ. Го изразувам моето сочувство до вас, до турскиот народ и особено до семејствата на загинатите во земјотресот, на повредените им посакувам побрзо оздравување.“

Албанскиот премиер Еди Рама на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Стоиме покрај турскиот народ. Му се молам (со дови) на Аллах да им даде сила на надлежните на земјата и на претседателот Ердоган да се справат со оваа трагедија.“

Владата на Мексико и Парламентот АНД составен од Боливија, Еквадо, Колумбија, Перу и Чиле, исто така испратија порака со сочувство до Турција поради загинатите во земјотресот во Елазиг.

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и социјална политика Жосеп Борел, во објавеното соопштение на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер во врска со земјотресот го напиша следното: „Нашите мисли се со турскиот народ, семејствата на жртвите, повредените и настраданите. Случувањата ги следиме одблизу. Сме во целосна солидарност со турскиот народ.“

Во објавеното соопштение преку социјалната мрежа Твитер од Делегацијата на Европската унија (ЕУ) за Турција пак, се вели следното: „Како Делегација на ЕУ за Турција го доставуваме нашето жалење до сите кои се погодени од земјотресот. Го изразуваме нашето сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот, на повредените им посакуваме побрзо оздравување. ЕУ стои покрај Турција.“

Заменик премиерот на Малезија Ван Азизах Ван Исмаил во објавеното соопштение го изрази своето длабоко жалење по повод земјотресот со јачина од 6,8 степени што се случи синоќа во градот Елазиг и ги напиша следното: „Малезискиот народ, во овие тешки денови стои покрај народот на Турција и е спремен да ја даде секој вид помош.“

Рускиот претседател Владимир Путин по повод земјотресот во градот Елазиг испрати порака со сочувство до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Путин во својата порака напиша: „Русија ги споделува болката и жалоста на оние кои ги загубија своите сакани во оваа катастрофа, се надевам дека сите повредени ќе оздрават набрзина.“ 

Канадскиот премиер Џастин Трудо во споделената објава преку Твитер во врска со земјотресот во Елазиг го истакна следното: „Нашите срца се заедно со сите оние кои се повредени или ги загубија своите сакани во денешниот земјотрес. Вие ноќва сте во нашите молитви.“

Украинскиот министер за надворешни работи Вадим Пристајко, исто така на Твитер ја сподели пораката „Укаина во оваа болка е покрај Турција и нашите молитви се со турскиот народ.“

Романскиот министер за надворешни работи Богдан Ауреску во својата објава на Твитер, изнесувајќи го своето длабоко жалење од човечките загуби го изрази своето сочувство.

Сомалискиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Ахмед Иса Авад пак, го побара по телефон министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и го рече следното: „Го изразуваме нашето сочувство за загинатите, им посакуваме побрзо оздравување на повредените. Нашите дови се за турскиот народ кој во тешките денови секогаш беше покрај сомалискиот народ.“

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, исто така испрати порака со сочувство до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и истакна дека се подготвени за доставување на секој вид поддршка.

Порака со сочувство испрати и претседателот на Казахстан Касим Жомарт Токаев, пакистанскиот премиер Имран Хан пак, во својата порака го истакна следното: „Во овие тешки денови сме покрај Турција.“



Слични вести