МНР: Грција, проблемот со егејските острови наместо да го реши со Турција, бара надеж од други места

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека Грција проблемот со егејските острови наместо да го реши со Турција, бара надеж од други места

1347365
МНР: Грција, проблемот со егејските острови наместо да го реши со Турција, бара надеж од други места

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговараше на едно прашање во врска со статусот за разоружување (демилитаризирање) на егејските острови и притоа потсети дека прекршувањето на овој статус од страна на Грција уште од 1960-тите години е само едниот од проблемите коишто се меѓусебно поврзани во Егејското Море.

Аксој истакна дека Турција посакува прашањето со прекршување на статусот на разоружување на егејските острови да се реши по пат на разговори, меѓутоа напомена дека Грција наместо да одговори на тоа и се поплакува на Европската унија (ЕУ) од Турција.

Велејќи дека Грција проблемот со егејските острови наместо да го реши заедно со Турција, се надева на други места, Аксој рече: "Доколку Грција мисли дека секогаш кога ќе западне во тесно со искористување на трети земји ќе добие резултат од тоа, многу се лаже."

Тој привлече внимание дека долго време како продолжува ставот на Грција по прашањето на статусот на островите, што пак е во спротивност со меѓународните договори.

Потсетувајќи дека Турција до денеска ги презеде неопходните иницијативи против ова беззаконие, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој подвлече дека на барање на Грција беше направена пауза во прелиминарните консултациони разговори помеѓу двете земји за изнаоѓање решение. 

Аксој го додаде и тоа дека Турција е спремна да ги отвори вратите за дијалог.



Слични вести