На покана на претседателот Ердоган Меркел допатува во Истанбул

Меркел и Ердоган ќе разговараат за низа актуелни прашања

1346517
На покана на претседателот Ердоган Меркел допатува во Истанбул

Германската канцеларка Ангела Меркел која во посета на земјава допатува на покана на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, синоќа пристигна во Истанбул.

Авионот којшто ја пренесуваше Меркел синоќа во 23.15 часот слета на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Конвојот на Ангела Меркел и делегацијата во нејзина придружба под силни безбедносни мерки го напуштија аеродромот.

Денес Меркел во Истанбул се очекува да оствари серија средби, додека на средбата со претседателот Ердоган се очекува да разговараат за билатералните односи, односите меѓу Турција и ЕУ во рамките на привременото претседателствување на Германија со ЕУ со која должност ќе започне во јули, процесот на пристапување, ажурирање на Царинската унија и визната либерализација.

На средбите се предвидува да се разменат и мислења во врска со случувањата во Либија и Сирија, регионалните и меѓународните прашања.



Слични вести