Чавушоглу оствари средба со Барзани

Чавушоглу потенцираше на значењето на зачувувањето на единството и територијалниот интегритет на Ирак во овој тежок период

1345019
Чавушоглу оствари средба со Барзани

Вчера министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во Давос каде што се одржува 50-от Светски економски форум оствари средба со претседателот на Регионалната курдска управа на северот на Ирак Нечирван Барзани.

Министерот Чавушоглу на средбата која беше затворена за печатот рече дека Турција, по затегнатоста меѓу САД и Иран е во солидарност со Ирак и вложува сериозни напори за надминување на кризата.

Чавушоглу потенцираше на значењето на зачувувањето на единството и територијалниот интегритет на Ирак во овој тежок период и додаде дека и сите субјекти во Ирак треба да се залагаат за зачувување на единството и територијалниот интегритет на земјата.

Мевљут Чавушоглу посочи на опасноста од секташка и етничка поделба на земјата, поради што ќе продолжиме со унапредување и развој на односите со Регионалната курдска управа на северот на Ирак.

Турција ќе направи се што е во нејзина можност и ќе ја пружи потребната поддршка за што поскоро надминување на проблемите во Ирак и постигнување на стабилноста, поради што им ги пренесовме нашите погледи на инволвираните страни, рече Чавушоглу.



Слични вести