Чавушоглу оствари билатерални средби во Давос

Иницијативата „Повторно Азија“ ќе придонесе Турција да го најде своето вистинско место во ерата на Азија

1345204
Чавушоглу оствари билатерални средби во Давос
çavuşoğlu davos 2.jpg

Вчера министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во рамките на 50-от Светски економски форум во Давос оствари значајни билатерални средби.

Чавушоглу имаше средба со претседателот на азербејџанската државна компанија за нафта Ровнег Абдулајев.

Министерот Чавушоглу меѓудругото одржа средби со швајцарската министерка за правда и миграции Карин Келер-Сутер и министерот за надворешни работи на Руанда Винсент Бирута.

На средбите беа разменети мислења во врска со билатералните и регионалните прашања.

Во рамките на 50-от Светски економски форум министерот Чавушоглу одржа средби и со претседателите на групите Алибаба и Махиндра.

Министерот Чавушоглу одржа посебни средби со претседателот на групата Алибаба, Мајкл Еванс и групата Махиндра, Ананд Махиндра.

Според информациите, Чавушоглу на средбите со претседателите на групите Алибаба и Махиндра разменија мислења во врска со плановите за инвестирање во Турција.

Чавушоглу меѓудругото учествуваше на Партнерскиот состанок за одржлив развој – Нова визија за Евровизија“ .

Средбите со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев и грузискиот премиер Гиорги Гахарија беа затворени за печатот.

Според дипломатски извори, министерот Чавушоглу претседателите Алијев и Гахарија ги информираше за визијата на Турција како земја во средиштето на Евроазија и за растечкиот потенцијал на континентот Азија.

На состанокот на кој говореше за повторното отворање кон Азија, министерот Чавушоглу се осврна и на заедничките активности и проектите за транспорт и енергетика на Турција, Азербејџан и Грузија.

Од друга страна пак, во објавата преку профилот на твитер во врска со состанокот, министерот Чавушоглу истакна дека „На Состанокот за новата визија за Евроазија потенциравме дека 21-от век е ера на подем на Азија.

Азија повторно се стекнува со улога на тежиште на светот и Турција се наоѓа во центарот на ова тежиште. Иницијативата „Повторно Азија“ ќе придонесе Турција да го најде своето вистинско место во ерата на Азија“ рече Чавушоглу.



Слични вести