Портпаролот Калин: „Берлинската конференција значајна можност за прекин на судирите во Либија“

Ефикасната и мултилатералната дипломатија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган придонесе Турција да стане една од клучните земји на процесот

1343772
Портпаролот Калин: „Берлинската конференција значајна можност за прекин на судирите во Либија“

Портпаролот на кабинетот на претседателството Ибрахим Калин рече дека Берлинската конференција е значајна прилика за прекин на судирите и постигнување политичко решение во Либија. Ефикасната и мултилатералната дипломатија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган придонесе Турција да стане една од клучните земји на процесот.

Портпаролот Калин во објавата преку профилот на твитер објави пост во врска со преговорите во Берлин за постигнување прекин на огнот и започнување на мировниот процес во Либија.

Калин во објавата преку твитер истакна:

„Берлинската конференција е значајна прилика за суспендирање на судирите во Либија и постигнување политичко решение. Ефикасната и мултилатералната дипломатија на претседателот Ердоган придонесе Турција да стане една од клучните земји на процесот. Турција ќе продолжи со конструктивната и мировна политика против посредничките војни“.



Слични вести