Ердоган се врати од посетата на Германија

Претседателот Ердоган на аеродромот беше пречекан од страна на потпретседателот Фуат Октај, валијата на Истанбул Али Јерликаја, директорот на полицијата на Истанбул Мустафа Чалишкан

1343602
Ердоган се врати од посетата на Германија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган се врати од посетата на Берлин каде што на покана на германската канцеларка Ангела Меркел учествуваше на меѓународната конференција посветена на Либија.

Специјалниот авион „ТРК“ кој го донесе претседателот Ердоган делегацијата во негова придружба, синоќа во 23.50 часот слета на по локално време слета на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Претседателот Ердоган на аеродромот беше пречекан од страна на потпретседателот Фуат Октај, валијата на Истанбул Али Јерликаја, директорот на полицијата на Истанбул Мустафа Чалишкан.

Претседателот Ердоган во Берлин беше придружуван од страна на министерот за национална одбрана Хулуси Акар, шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, директорот на дирекцијата за комуникации Фахретин Алтун и портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин.



Слични вести