Ердоган: „Присаството на Турција во Либија ја зголеми надежта за мирот“

Чекорите што ги фрливме во врска со Либија допринесоа во процесот да дојде до одредена рамнотежа

Ердоган: „Присаството на Турција во Либија ја зголеми надежта за мирот“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „присуството на Турција во Либија ја зголеми надежта за мирот“.

Претседателот Ердоган на враќање од програмата во Германија, одговараше на прашањата на новинарите во авионот.

Во врска со Берлинската конференција посветена на Либија, претседателот Ердоган рече: „Ако ние сме силна држава, од нас како силна држава имаат големи очекувања. Турција е клуч на мирот. Чекорите што ги фрливме во врска со Либија допринесоа во процесот да дојде до одредена рамнотежа. Турција ќе продолжи со поддршката на политичкиот процес како на терен така и на преговарачката маса.

Присуството на Турција во Либија ја зголеми надежта за мир во оваа земја. Имаме можност да видиме какви се валкани игри се играат зад завесата на борбата против тероризмот“ потенцираше претседателот Ердоган.

„Непотпишувањето на договорот од страна на Хафтар на Берлинската конференција навистина тера на размислување. Целиот настан остана на усменото сведочењето на учесниците на конференцијата. Се надеваме дека конечниот исход ќе биде аирлија“ рече Ердоган.

„Со рускиот претседател Владимир Путин упативме заеднички повик до Либија во кој истакнавме дека ако страните се придржуваат кон прекинот на огнот, тогаш ќе се отвори патот на политичкиот дијалог“ рече Ердоган.

На едно прашање во врска со поканата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на (пучистот) Хафтар за посета на Грција, претседателот Ердоган рече:

„Мицотакис го повика Хафтар во Грција со цел да на испровоцира“.

Како одговор на изјавата на еден лидер чие име не сакаше да го спомене, дека Мицотакис наводно сакал да ги поправи односите со Турција, претседателот Ердоган рече дека неговиот одговор гласел:

„Најпрвин (Мицотакис) нека ја поправи оваа грешка, а потоа е лесно да одржиме средба.“



Слични вести