Претседателот Ердоган пред Самитот за Либија во Берлин се состана со Путин

Претседателот Ердоган во Берлин кадешто престојува по повод Самитот за Либија пред овој значаен собир се состана со рускиот претседател Владимир Путин

Претседателот Ердоган пред Самитот за Либија во Берлин се состана со Путин

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во рамките на Самитот за Либија во главниот град  на Германија, Берлин, се состана со рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот Ердоган истакна дека за да се стекне Либија со мир и спокојство на Самитот во Берлин треба да се обезбеди враќање кон прекин на огнот и политичкиот процес во оваа земја. 

"Вложивме многу напори за убедување на (премиерот на Владата на национално единство на Либија) Фајез ал Сараџ. Вистинскиот плод на нашите иницијативи ќе ги добиеме во Берлин. За да би можеле да се применуваат политичкиот процес и другите фази за решение, треба да престане агресивниот став на (пучистот) Хафтар." - Ердоган. 

Тој го подвлече и следното: "Нашите заеднички напори обезбедија релативно спокојство на теренот, меѓутоа вистинскиот плод на нашите иницијативи ќе ги добиеме со тоа што се одржува Самитот во Берлин.

Рускиот претседател Владимир Путин пак, го рече следното: "Научивме да изнаоѓаме заеднички точки за двете страни во билатералните односи. Ние работиме заедно во бројни клучни прашања. Фрливме сериозни чекори нанапред. Во Истанбул ги повикавме спорните страни на прекин на огнот. Доаѓањето на страните во Либија, во Москва според мене е успех. Затоа сме им благодарни на нашите министри за надворешни работи. Да, и покрај тоа што едната од страните не ја прифати оваа заедничка декларација, тоа претставува успех."



Слични вести