Чавушоглу во Берлин се состана со својот италијански колега Ди Мајо

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Берлин се состана со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо

1343393
Чавушоглу во Берлин се состана со својот италијански колега Ди Мајо

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Германија, Берлин, кадешто престојува по повод Конференцијата за Либија што ќе се одржи денеска, се состана со италијанскиот министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.

Чавушоглу во споделената објава на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со оваа средба го напиша следното: "Со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо разговаравме за подготовките за Берлинскиот самит посветен на Либија и нашата соработка во Средоземното Море."



Слични вести