Претседателот Ердоган напиша статија за весникот „Политико“: Патот кој води кон мирот во Либија поминува низ Турција

Претседателот Ердоган истакна дека патот кој води кон мирот во Либија поминува низ Турција и дека Турција ќе ги обучува безбедносните сили во Либија и ќе придонесе во нивната борба против тероризмот и трговијата со луѓе

1343085
Претседателот Ердоган напиша статија за весникот „Политико“: Патот кој води кон мирот во Либија поминува низ Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред утрешниот самит во Берлин посветен на Либија (Конференцијата за Либија) напиша статија за весникот „Политико“ со седиште во Вашингтон, во САД. 

Ердоган истакна дека патот кој води кон мирот во Либија поминува низ Турција. 

„Да се препушти Либија на милоста на еден воен барон (Хафтар) кој е поддржуван од страна на антидемократски држави како Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, ќе претставува историска грешка. Ќе ги обучуваме безбедносните сили во Либија, ќе го дадеме нашиот придонес во нивната борба против тероризмот и трговијата со луѓе." - напиша претседателот Ердоган. 

Тој во својата статија напомена дека Либија приближно 10 години како се наоѓа во канџите на една крвава граѓанска војна, меѓутоа рече дека меѓународната заедница досега не ги исполни своите одговорности, не стави крај на насилството и не ги воспостави мирот и стабилноста во оваа земја. 

Ердоган, исто така додаде дека денеска се соочуваме со резултатите на таа нечувствителност.

„Ако размислиме дека Европа би можела да е помалу желна по прашањето на испраќање војска во Либија, претставува најјасен избор да се соработува со Турција која ионака и има ветено воена поддршка (на Либија)." - напиша претседателот Ердоган во својата статија за весникот „Политико“ со седиште во Вашингтон. 



Слични вести