Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија загинаа тројца турски војници

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија е извршен напад со возило бомба во кој загинаа тројца турски војници

1342271
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија загинаа тројца турски војници

Во напад со бомба возило во подрачјето на операцијата Извор на мирот, во источниот дел на реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија,  загинаа тројца турски војници.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во напад со возило бомба за време на контрола на патот загинаа тројца турски војници.

Во соопштението се вели следното: "На нашите честити шехиди кои го загубија животот во овој настан кој не облеа во длабока тага и жалост, им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нивните семејства, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и нашиот честит народ, и им посакуваме трпение."



Слични вести