Продолжуваат со сиот интензитет антитерористичките операции „Стапица“ во Турција

Продолжува операцијата „Стапица-4 Мава“ („Kapan-4 Mava“) којашто беше започната од страна на Министерството за внатрешни работи во подрачјето на градот Батман со учество на 795 припадници на безбедносните сили

1342725
Продолжуваат со сиот интензитет антитерористичките операции „Стапица“ во Турција

Со сиот интензитет и со голема одлучност продолжуваат операциите „Стапица („Kapan“) коишто беа започнати минатата недела во рамките на борбата против тероризмот внатре во границите на земјата.

Продолжува операцијата „Стапица-4 Мава“ („Kapan-4 Mava“) којашто беше започната од страна на Министерството за внатрешни работи во подрачјето на градот Батман со учество на 795 припадници на безбедносните сили составени од специјални сили на жандармеријата, жандармериски командоси, специјални полициски сили и безбедносни чувари.

Во тие рамки, во операцијата „Стапица-4 Мава“ којашто беше започната вчера со цел неутрализирање на терористите за кои се предвидува дека се наоѓаат во областа за засолнување Мава во подрачјето на градот Батман и со која лично раководат и командуваат командантите на регионалната жандармерија во Дијарбакир и градската жандармерија во Батман, досега се доведени во неупотреблива состојба 13 засолништа и 28 пештери коишто биле користени од страна на терористите.  

Освен тоа, се уништени 5 килограми експлозив и големи количини храна, материјали за обезбедување на животните потреби и плински боци коишто биле запленети за време на пребарувањата во пештерите.

Од друга страна, во една пештера беше пронајдено мртвото тело на едно лице застрелано во чело, во врска со што пак се претпоставува дека станува збор за убиство извршено внатре во терористичката организација.



Слични вести