Претседателот Ердоган: Нападите во Идлиб се мошне јасен доказ дека режимот не се придржува кон прекинот на огнот

Претседателот Ердоган истакна дека нападите во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија се мошне јасен доказ за тоа дека режимот не се придржува кон чекорот којшто е фрлен во однос на прекинот на огнот

1342803
Претседателот Ердоган: Нападите во Идлиб се мошне јасен доказ дека режимот не се придржува кон прекинот на огнот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Истанбул на излегување од џума намаз (петочната молитва) одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелниот дневен ред, во однос на внатрешните и надворешните случувања, а пред се за ситуацијата во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија и кризата во Либија.

Ердоган истакна дека нападите во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија се мошне јасен доказ за тоа дека режимот не се придржува кон чекорот којшто е фрлен во однос на прекинот на огнот.

Осврнувајќи се на нападите на режимот врз подрачјето на градот Идлиб, Ердоган рече: „Тоа претставува јасен доказ дека режимот не се придржува чекорот којшто е фрлен во однос на прекинот на огнот. Во недела ќе бидеме во Берлин (главниот град на Германија). За овие прашања ќе разговараме детално со Путин (рускиот претседател Владимир). Случувањата во Идлиб се вознемирувачки.“

Во врска со нападот со возило бомба во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, во кој загинаа тројца турски војници, претседателот Ердоган го рече следното: „Тоа не можеме да го оставиме без одговор. Сметката за тоа ќе ја наплатиме скапо.“

Ердоган се осврна и на прекинот на огнот во Либија и на Конференцијата што ќе се одржи на 19 јануари, во недела, во Берлин, во врска со што го подвлече следното: „Овој човек (лидерот на милициските сили во Либија Халифа Хафтар) не е доверлив човек. Продолжија да го бомбардираат Триполи. Тоа ќе го поставиме отворено на дневен ред во Берлин. Се надевам дека ќе ги одржат своите зборови коишто ги дадоа. И покрај тоа што Берлин на изглед претежно ќе биде посветен на Либија, мислам да го поставам на дневен ред и прашањето со Идлиб.“

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на 8 јануари од Истанбул упатија повик до сите страни во Либија за прекин на огнот.

Откако овој повик беше прифатен од страна на меѓународно признатата легитимна Влада на национално единство на Либија и од нелегалните сили на Хафтар, прекинот на огнот стапи на сила на 12 јануари на полноќ.

Германската канцеларка Ангела Меркел пак, испрати покана за учество на ниво на претседатели на држави и премиери на влади на Конференцијата за Либија во Берлин, што ќе се одржи на 19 јануари, во недела.

 

 



Слични вести