Претседателот Ердоган: Турција испрати војска во Либија за да се одржи на нозе легитимната влада во оваа земја

Претседателот Ердоган истакна дека Турција испрати војска во Либија за да се одржи на нозе легитимната влада и да се воспостави стабилноста во оваа земја

1342079
Претседателот Ердоган: Турција испрати војска во Либија за да се одржи на нозе легитимната влада во оваа земја
cumhurbaskani erdogan 2019 degerlendirme1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на „Годишниот состанок за проценка на 2019 година“ што се одржа во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во Бештепе во Анкара кадешто се осврна на голем број теми од внатрешната и надворешната политика до економијата и од борбата против тероризмот до различни други сфери.

Говорејќи за надворешната политика, Ердоган истакна дека Турција испрати војска во Либија за да се одржи на нозе легитимната влада и да се воспостави стабилноста во оваа земја.

Тој потсети дека се водат обиди да се стави во примена сценарио за да се зароби Турција на сопственото крајбрежје во Средоземното Море и го рече следното: „Со договорите коишто ги постигнавме најпрвин со Турската Република Северен Кипар (ТРСК), а потоа и со Либија, ја расипавме и оваа игра. Веќе не е можно од правен аспект да се врши истражување и дупчење (сондажа) или да се поставува цевовод во делот којшто се наоѓа во делот помеѓу крајбрежјата на Турција и Либија, без претходно да се добие дозвола и од двете земји. Во 2020 година ќе издадеме лиценци (дозволи) во овие сфери и на најбрз начин ќе започнеме со истражувања и дупчење (сондажа).“

Појаснувајќи дека во Либија е испратена војска за да се одржи на нозе легитимната влада и да се воспостави стабилноста во оваа земја, Ердоган напомена дека Турција, со свеста дека нејзината безбедност почнува надвор од незините граници, ќе продолжи да ги мобилизира сите свои политички, трговски, човечки, дипломатски и воени можности за стабилноста на географијата (просторите) јужно.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција, за време на кризите во Сирија и Ирак ја отвори својата врата за сите угнетени и загрозени без притоа да прави никаква разлика и рече: „Обидите за проширување на кризата во Сирија кон нашата земја преку терористичките организации кои се потпреа до нашите рганици, не усмерија да сме да бидеме активни на теренот. Со операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче коишто ги реализиравме западно од реката Еуфрат го пукнавме балонот на ДЕАШ и ги расипавме игрите коишто се поставуваат преку ПЈД.“

Ердоган нагласи дека со операцијата Извор на мирот е распарчен е терористичкиот коридор за којшто се водеа обиди да се формира источно од реката Еуфрат, во Сирија, а воедно информира дека со договорот од Сочи е спречена една голема човечка трагедија во Идлиб со којашто ќе беа погодени приближно 4 милиони луѓе и се зголемени напорите за повторно воспоставување на спокојството во ова подрачје.

„Ние му придаваме значење на територијалниот интегритет и на соседен Ирак и ги надгледуваме правата и интересите на нашите туркменски браќа во оваа земја“ - рече Ердоган и напомена дека во првите 6 месеци од оваа година се има за цел повторно да почнат со работа Генералните конзулати на Турција во Басра и Мосул, како и да бидат отворени нови Генерални конзулати во Неџеф и во Киркук.

По прашањето на Палестина, претседателот Ердоган нагласи дека Турција продолжува да води борба за одбрана на честа на Ерусалим (Кудс) и Палестина пред незаконското вознемирување на управата на Израел.

Во врска со односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) пак, го рече следното: „Се надеваме дека во наредниот период ќе доловиме еден нов интензитет во нашите односи со Европската унија (ЕУ).“



Слични вести