Претседателот Ердоган: Турција е спремна за нови достигнувања во 2020 година во голем број сфери

Ердоган рече: Со Новата економска програма се има за цел инфлационата стапка оваа година да се намали на 8,5%, а на крајот на периодот на програмата да опадне на 4,9%, како и да се достигне до раст од 5 отсто што изнесува над глобален раст од 3,4%

1342045
Претседателот Ердоган: Турција е спремна за нови достигнувања во 2020 година во голем број сфери
cumhurbaskani erdogan 2019 degerlendirme.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на „Годишниот состанок за проценка на 2019 година“ што се одржа во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во Бештепе во Анкара кадешто се осврна на голем број теми од внатрешната и надворешната политика до економијата и од борбата против тероризмот до различни други сфери.

Велејќи дека со Новата економска програма се има за цел инфлационата стапка оваа (2020) година да се намали на 8,5 отсто, а на крајот на периодот на програмата да опадне на 4,9 отсто, Ердоган рече: „Оваа година имаме за цел да достигнеме до процент на раст од 5 отсто и да се искачиме над прогнозата за глобален раст од 3,4 отсто.“

Претседателот Ердоган наведе дека според Новата економска програма се има за цел вработувањето во наредните 3 години да се зголеми за 3,2 милиони лица, а во 2022 година невработеноста да се намали на 9,8 отсто.  

Тој појасни дека минатата година уште повеќе се зајакнати националното единство и заедништво, се оддалечени терористичките организации од границата, се поразени пучистите, е распарчен терористичкиот коридор за којшто се водеа обиди да биде формиран во должина на границата, се расипани стапиците коишто и беа поставени на економијата и повторно е фокусирано кон целите.

„Сега, ѝ со зајакнување на растот, производството, вработувањерто, ѝ со застанување во одбрана на нашите права на меѓународната арена, а особено во Средоземното Море, ги отвораме вратите на еден нов период на издигнување. Од тој аспект, резултатите од реализираните активности во 2019 година претставуваат приказна за успех која што покажува што сѐ би можела да направи Турција дури и во најтешки услови. Иншаллах (со Аллахова помош) во 2020 година правејќи, остварувајќи, многу повеќе во секоја сфера ќе се обидеме да го исплатиме нашиот долг кон нашиот народ за доброволната поддршка што ни ја даде и самопожртвуваноста што ја покажа.“ - рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор се осврна и на борбата против тероризмот во врска со што истакна дека во реализираните операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК минатата година, се неутрализирани 1.250 терористи и се спречени голем број терористички акции. 

Појаснувајќи дека и во реализираните операции против терористичките организации како што се ДЕАШ, Ал Каеда и други, се неутрализирани 388 терористи, Ердоган рече: „Нашата цел е да обезбедиме нашите граѓани да живеат во доверба, спокојство, сигурни во својата иднина на секоја педа татковинска територија од 780 илјади квадратни километри.“

Ердоган напомена дека оваа година ќе заврши производството на првиот домашен комуникациски сателит на Турција ТУРКСАТ 6А кој наредната година, во 2021 година, ќе биде лансиран во вселената.

Тој ги објасни работите коишто се реализирани минатата (2019) година во сферите на здравството,образованието, правдата, економијата и земјоделството, а воедно информира дека во наредните години ќе бидат реализирани други успешни работи во овие сфери.



Слични вести