Хулуси Акар разговараше телефонски со својот ирански колега Хатеми и со началникот на Генералштабот Бакири

Министерството за национална одбрана соопшти дека министерот Хулуси Акар најпрвин оствари телефонски разговори со началникот на иранскиот Генералштаб генерал мајор Мухамед Бакири, а потоа со својот колега министерот за одбрана бригаден генерал Емир Хатеми

1342222
Хулуси Акар разговараше телефонски со својот ирански колега Хатеми и со началникот на Генералштабот Бакири

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари одделни телефонски разговори со својот ирански колега, министерот за одбрана бригаден генерал Емир Хатеми и со началникот на Генералштабот на Иран генерал мајор Мухамед Бакири.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека министерот Хулуси Акар најпрвин оствари телефонски разговори со началникот на иранскиот Генералштаб генерал мајор Мухамед Бакири, а потоа и со иранскиот министер за одбрана бригаден генерал Емир Хатеми.

Во соопштението се вели дека во телефонските разговори поготово беа разгледани последните случувања во регионот, а беа разменети мислења и во врска со билатералните односи и регионални одбранбени и безбедносни прашања.



Слични вести