Ердоган оствари телефонски разговор со Трамп

Претседателите Ердоган и Трамп освен билатералните односи, разменија мислења и во врска со последните случувањата во Либија и регионалните случувања

1341596
Ердоган оствари телефонски разговор со Трамп

Синоќа претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации при претседателството, претседателите Ердоган и Трамп освен билатералните односи, разменија мислења и во врска со последните случувањата во Либија и регионалните случувања.

Заменик гласноговорникот на Белата куќа Џад Дир во писменото соопштение во врска со средбата Ердоган-Трамп рече:

„Двајцата лидери разговараа за состојбата во Сирија и Либија, протестите во Иран и уривањето на украинскиот авион од страна на Иран“.



Слични вести