Средба на началниците на генералштабовите на Турција и САД, Јашар Ѓулер и Марк Мејли, во Брисел

Началниците на генералштабовите на Турција и САД, генерал на армија Јашар Ѓулер и Марк Мејли, се состанаа во Брисел кадешто престојуваат по повод состанокот на началниците на генералштабовите на земјите членки на НАТО

1340992
Средба на началниците на генералштабовите на Турција и САД, Јашар Ѓулер и Марк Мејли, во Брисел

Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер во главниот град на Белгија, Брисел, кадешто отпатува во рамките на состанокот на началниците на генералштабовите на земјите членки на НАТО, се состана со својот американски колега, началникот на Генералштабот на Соединетите Американски Држави (САД) Марк Мејли.

Началниците на генералштабовите на двете земји, генерал на армија Јашар Ѓулер и Марк Мејли, на средбата разговараа поготово за прашањето со Сирија.

Портпаролот на Генералштабот на САД полковник ДеДе Халфхајл, во објавеното писмено соопштение во врска со средбата ја изнесе следната констатација: „Началникот на Генералштабот Марк Мејли, денеска во Брисел се состана со Началникот на Генералштабот на Турција генерал на армија Јашар Ѓулер. Двајцата команданти разговараа за безбедносната ситуација во Сирија и значењето на турско-американската соработка во регионот. САД ги ценат билатералните стратешки односи со Турција.“ 

Началниците на генералштабовите на 29 земји членки на НАТО, се состанаа во Брисел каде што во текот на два дена ќе дискутираат за значајни прашања на дневниот ред на Алијансата.

Со состанокот претседава, претседавачот на Воениот комитет на НАТО воздухопловен маршал Стјуарт Пич.

Главните точки на дневниот ред на состанокот го сочинуваат способноста за одбрана и одвраќање на НАТО, мисијата за обука во Ирак, мисијата Одлучна поддршка во Авганистан, мировните сили на Косово познати како КФОР, Русија и односите со земјите партнери.



Слични вести