Реакции од Турција против упадот во канцеларијата на Агенцијата Анадолија „АА“ во Каиро

Веднаш по добиените вести за упадот на египетските безбедносни сили во канцеларијата на новинската Агенција Анадолија „АА“ во Каиро почнаа да пристигнуваат и првите реакции од Турција

1341527
Реакции од Турција против упадот во канцеларијата на Агенцијата Анадолија „АА“ во Каиро

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, го осуди упадот на египетските безбедносни сили во канцеларијата на новинската Агенција Анадолија „АА“ во Каиро и приведувањето на некои од вработените на агенцијата.

Алтун истакна: „Непријателската иницијатива на пучистичката управа на Египет кон вработените на 'АА' претставува показател за тоа во каква беспомошност се наоѓа.“

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк исто така разговараа со генералниот директор на Агенцијата Анадолија „АА“ Шенол Казанџи и ја доставија својата реакција во врска со упадот на египетските безбедносни сили во канцеларијата на „АА“ во Каиро.

Генералниот директор на Агенцијата Анадолија „АА" Шенол Казанџи истакна дека ставот на египетските безбедносни сили кон медиумите е неприфатлив и рече: „Египетските власти треба веднаш да ги ослободат вработените на АА.“

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул својата реакција ја изнесе со зборовите: „Очекувам ослободување на вработените на АА кои се неправедно приведени во Египет и го осудувам овој несовесен чин."

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, исто така разговараше со генералниот директор на „АА" Шенол Казанџи. 

Во меѓувреме, вршителот на должноста (потсекретар) амбасадор на Египет во Анкара е повикан во Министерството за национална одбрана и му е доставена реакцијата на Турција во врска со приведувањето на вработените во канцеларијата на  Агенцијата Анадолија „АА“ во Каиро. 

Инаку, египетската полиција изврши скандалозен упад во канцеларијата на новинската Агенција Анадолија „АА“ во Каиро каде што вршеше претрес и приведе четворица вработени од кои еден турски државјанин.



Слични вести