Претседателот Ердоган и Чавушоглу го примија патријархот на Ерменците во Турција Машалјан

Новоизбраниот патријарх на Ерменците во Турција Машалјан вчера беше примен кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

1341074
Претседателот Ердоган и Чавушоглу го примија патријархот на Ерменците во Турција Машалјан
çavuşoğlu maşalyan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера го примија новоизбраниот 85-ти патријарх на Ерменците во Турција Сахак Машалјан.

Претседателот Ердоган го прими новоизбраниот патријарх на Ерменците во Турција Машалјан во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, и приемот беше затворен за медиумите.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во објавата што ја сподели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер во врска со приемот на ерменскиот патријарх Машалјан во Анкара посака оваа должност да послужи за ајирлија, за доброто, на Турција и на ерменската заедница во земјата.

Чавушголу го напиша следното: „Ќе продолжиме да работиме заедно во мултикултурната и толерантната средина на нашата земја.“

Инаку, Сахак Машалјан кој беше избран за 85-ти патријарх на Ерменците во Турција, седна на престолот како патријарх со церемонијата што се одржа на 11 јануари во црквата Мајка Богородица, во Кумкапи, во Истанул.

 

 



Слични вести