Хулуси Акар: Турција води напори за постигнување мир ѝ во Либија ѝ во Сирија, со политичко решение

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција води напори за да се постигне мир, спокојство и да престане крвопролевањето ѝ во Либија ѝ во Идлиб во Сирија, со политичко решение

1341327
Хулуси Акар: Турција води напори за постигнување мир ѝ во Либија ѝ во Сирија, со политичко решение

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар говореше на состанокот во Анкара на којшто се состана со претставниците на информативните органи при што во врска со коментарите дека не остана можност за прекин на огнот во Либија рече: „Не би можеле да го кажеме тоа, работите во врска со тоа продолжуваат."

Акар истакна дека напорите на Турција е да се постигне мир, спокојство и да престане крвопролевањето ѝ во Либија ѝ во Идлиб во Сирија, со политичко решение.

Велејќи дека, отсега во Либија се очекува да бидат завршени активностите на рускиот претседател Владимир Путин и неговата екипа, Хулуси Акар истакна дека соговорници се Русите и дека немаат никакво значење на теренот и изјавите во однос на тоа дека заврши прекинот на огнот во Либија.

Тој наведе дека Конференцијата за Либија којашто ќе се одржи во главниот град на Германија, Берлин, ќе биде со широко учество, дека таму ќе бидат и страните во Либија и дека би можел да се добие соодветен резултат од оваа конференција.

„Макар и со задоцнување, очекуваме Хафтар (лидерот пучист на илегалните вооружени сили во Либија Халифа) да дојде до одредена точка во Берлин. Ние посакуваме што поскоро да се стави во примена прекинот на огнот, Сме на страната на политичко решение.“ - рече Акар

Осврнувајќи се и на прашањето со прекинот на огнот во подрачјето на градот Идлиб во Сирија, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, информира дека режимот ги продолжува нападите во подрачјето.

Акар истакна дека се разговара со Русите за формирање на безбедна зона кадешто народот ќе ја помине зимата и нагласувајќи дека не станува збор Турција да се повлече од набљудувачките пунктови коишто ги формира околу подрачјето на Идлиб, го рече следното: „Тие се зајакнати онолку колку што е неопходно со неоходна опрема. Не станува збор за пазарење по ова прашање.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар воедно додаде дека не пристигнало одредена официјална информација/барање во рамките на одлуката на ирачкиот Парламент по прашањето на напуштање на териториите на Ирак од страна на странските војници.



Слични вести