Ибрахим Калин: Во Либија сѐ е кршливо, не само прекинот на огнот, туку и самиот политички процес

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, врска со либиската стратегија на Турција истакна дека помеѓу двете земји постојат односи коишто се протегаат до минатото и дека се придава важност на политичката стабилност во Северна Африка

1341056
Ибрахим Калин: Во Либија сѐ е кршливо, не само прекинот на огнот, туку и самиот политички процес

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин беше гостин во програмата на американскиот телевизиски канал „СНН Интернешнл“ („CNN International“) каде што се осврна на значајни прашања и покрај случувањата во Либија, ја коментираше и присутната криза помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран.

На едно поставено прашање во врска со либиската стратегија на Турција, Ибрахим Калин напомена дека помеѓу двете земји постојат односи коишто се протегаат до минатото и дека се придава важност на политичката стабилност во Северна Африка.

Калин ја изнесе констатацијата дека во Либија сѐ е кршливо.

Потсетувајќи дека со повикот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин што го упатија на 8 јануари, започна прекинот на огнот во Либија, Калин рече дека меѓутоа треба да се работи на деталите и дека како што се дознава Хафтар побарал дополнително време за преразгледување на специјалните услови на прекинот на огнот.

Ибрахим Калин истакна дека се дочекуваат позитивно напорите на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Либија Гасан Саламе и додаде дека напорите на Турција во правец на воспоставување на прекинот на огнот пред самитот за Либија што ќе се одржи на 19 јануари во Берлин, ќе помогнат во утврдувањето на дневниот ред и стопирањето на судирите.

„Отворено кажано, во Либија сѐ е кршливо. Не само прекинот на огнот, туку и самиот политички процес и процесот на ОН. Треба да се признае дека не се соочуваме со една извонредна ситуација. Се обидуваме да ставиме крај на еден судир во кој што се вклучени голем број различни фракции, племиња, меѓународни актери, засегнати страни и уште голем број други елементи.“ - рече Калин.   

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, исто така се осврна и на растечката затегнатост во регионот по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани и заменик претседателот на Хашди Шаби Ебу Мехди ел-Мухендис во реализиран воздушен напад од страна на САД на 3 јануари во близина на аеродромот во ирачкиот главен град Багдад. 

Притоа, Калин истакна дека за да не западне регионот во ново мочуриште на насилство и затегнатост, Турција разговараше со САД и Иран со што упати повик за намалување на затегнатоста.

„Всушност, проблемот е во тоа што Ирак е дојден во положба на бојно поле каде што САД и Иран ги измеруваат своите сили. И двете страни располагаат со свои прокси вооружени сили во оваа земја. Вистинскиот извор на проблемот е во тоа.“ - подвлече Ибрахим Калин. 


 



Слични вести