Гласноговорникот Калин; „Мировните преговори за Либија се одржаа благодарение на Турција“

Турција вложи големи напори за состанувањето на претставниците на меѓународната заедница со цел да се оконча насилството

1341117
Гласноговорникот Калин; „Мировните преговори за Либија се одржаа благодарение на Турција“

Гласноговорникот на претседателството Ибрахим Калин рече дека „мировните преговори за Либија се одржаа благодарение на Турција“.

Калин беше гостин на една емисија на американскиот ТВ-канал СиЕнЕн интернешнл и направи проценка на случувањата во Либија. Односите меѓу Турција и Либија имаат историско минато. Турција придава големо значење на стабилноста на Северна Африка, рече Калин и додаде:

„Турција вложи големи напори за состанувањето на претставниците на меѓународната заедница со цел да се оконча насилството.

Турција соработува со легитимната Влада на национално единство на Либија под на премиерот Фајиз ал-Сараџ која е призната од страна на ОН. За воените насилствата во земјата кои и натаму продолжуваат се виновни (нелегитимните вооружен сили на Калифа) Хафтар и неговите приврзаници кои прекршија низа договори.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на 8 јануари упатија повик за прекин на огнот и примирјето започна. Иако во врска со деталите на примирјето треба да се работи, Хафтар побара време за разгледување на специјалните услови на договорот.

Специјалниот претставник на ОН за Либија Гасан Саламе истакна дека ОН со задоволство ги прифаќа напорите за примирје, а исто така го поддржува и Берлинскиот процес. Напорите на Турција за постигнување на примирјето во Либија пред состанокот за Либија планиран за 19 јануари во Берлин, ќе биде од голем помош за окончување на судирите и симнување од дневниот ред на ова прашање“ рече Калин.



Слични вести