Турција стана претседавач со Форумот за безбедносна соработка на ОБСЕ

Турција со мандат од 4 месеци го презеде привременото претседателствување со Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и Форумот за безбедносна соработка на Европа како еден од двете основни одлучувачки органи на ОБСЕ

Турција стана претседавач со Форумот за безбедносна соработка на ОБСЕ

Турција го презеде претседателствувањето со Форумот за безбедносна соработка на Европа при Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека Турција со мандат од 4 месеци го презеде привременото претседателствување со Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и Форумот за безбедносна соработка на Европа како еден од двете основни одлучувачки органи на ОБСЕ.

Во соопштението се вели дека на состанокот на отворањето на привременото претседателстување со Форумот за безбедносна соработка на Европа што ќе се одржи на 15 јануари 2020 година во австрискиот главен град Виена, ќе учествува заменик министерот за надворешни работи Седат Онал.

Како што се наведува, на состанокот којшто ќе стане повод за нагласување на значењето на состаноците за дијалог за безбедност на Форумот за безбедносна соработка на Европа во контекст на меѓународната и регионалната безбедност, како и на придонесите на Турција во рамките на привременото претседателствување со Форумот за безбедносна соработка на Европа; ќе бидат споделени информации во врска со програмата и приоритетите на привременото претседателствување на Турција.



Слични вести