Ердоган: Пучистот Хафтар не го потпиша договорот за прекин на огнот, избега и ја напушти Москва

Претседателот Ердоган  истакна дека пучистот Хафтар без да го потпише текстот за прекин на огнот со којшто ќе се стави крај на судирите помеѓу страните во Либија, вчера ја напушти Москва и избега

Ердоган: Пучистот Хафтар не го потпиша договорот за прекин на огнот, избега и ја напушти Москва

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше пред пратеничката група на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), каде што се осврна на низа актуелни теми.

Ердоган во својот говор покажа реакција против пучистот Хафтар кој избега од Москва без да го потпише текстот за прекин на огнот во Либија.

Тој истакна дека пучистот Хафтар без да го потпише текстот за прекин на огнот со којшто ќе се стави крај на судирите помеѓу страните во Либија, вчера ја напушти Москва и избега.

„Да не интервенираше Турција, денеска пучистот Хафтар ќе ја заземеше целата земја, целиот либиски народ ќе потпаднеше во неговите канџи на зулум (суровост).“ - рече претседателот Ердоган и продолжи со зборовите: „На одржаните разговори вчера во Москва со цел доведување на прекинот на огнот во писмена форма, Владата во Триполи покажа компромисен став. И покрај овој став пучистот Хафтар не сакаше да го потпише прекинот на огнот. Најпрвин рече да, а потоа за жал ја напушти Москва, избега од Москва и не потпиша. Меѓутоа, нашата делегација таму презентирајќи чесен став, нашите другари го фрлија својот потпис и моментално документот, сѐ е во наши раце. Ние ја исполнивме нашата задача, отсега сето друго му припаѓа на рускиот претседател Владимир Путин и на неговата екипа. Ние никогаш не го порекнуваме зборот што ќе го дадеме.“ 

Претседателот Ердоган го подвлече и следното: „Условите коишто ги постави Хафтар го покажуваат неговото вистинско лице. Знаеме многу добро дека неговата претходна оценка во претходните договори не е ниту малку добра. Негирањето на прекинот на огнот од негова страна никако нѐ не зачуди. Меѓутоа, овојпат различно од порано овде сега ја има Турција. Разговорите коишто беа водени вчера во Москва ги оценуваме позитивно од аспект на тоа што го покажуваат вистинското лице на пучистот Хафтар.“

Велејќи дека во наредните денови ќе се следи внимателно изборот што ќе се прави помеѓу пучистот Хафтар и легитимната управа на земјата, Ердоган рече: „Доколку ги продолжи нападите против легитимната управа на земјата и нашите браќа во Либија, никако нема да се воздржуваме да му одржиме лекција на пучистот Хафтар, којашто ја заслужува.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор ја покажа својата реакција и против Бешар Асад кој продолжува да води иницијативи за прекршување на прекинот на огнот во Сирија и го рече следното: „Ако затреба ние сме одлучни лично да ги спречиме иницијативите на режимот (во Сирија) за прекршување на прекинот на огнот.“

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека доколку пучистот Хафтар продолжи да одбива да го потпише договорот за постигнатиот прекин на огнот во Либија ќе биде бесмислен Берлинскиот процес.

Чавушоглу рече: „Ние како Турција, под лидерство на нашиот претседател го направивме она што ни се паѓа за прекин на огнот и мир во Либија, а ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина. Меѓутоа, во оваа слика го гледаме следното; Се виде кој сака мир, кој сака војна, кој сака единство во Либија, а кој не сака.“



Слични вести